Рубрика: Електроника
250W V-MOSFET излезен засилувач (1)
Автор: Драган Јовановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/1999.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Желбата да се објави овој проект на страниците на ЕМИТЕР беше иницирана од едно момче, вљубеник во хај-фај опремата, кое не сакаше за цена од над 400 германски марки да купи засилувач од 2x60 W, во кој производителот со крупни букви наведува солидни карактеристики за на крајот со мали букви да биде наведено дека тоа се однесува за 50% од декларираната моќност. Затоа веднаш, на самиот почеток, ги прикажувам техничките карактеристики кои најдобро зборуваат за самиот засилувач, а кои се измерени кај средно моќната изведба.

Овој, прв дел од написот ќе содржи краток вовед за MOSFET транзисторите, детален опис на електричната шема на засилувачот, опис на напојувањето, на DC-заштитата со задоцнето вклучување на звучниците и на склопот за управување со вентилаторот.

Технички карактеристики:

Излезна синусна моќност:
140W / 8Ω (THD<0,01%, B=20Hz - 20kHz)
180W / 4Ω (THD<0,01%, B=20Hz - 20kHz)
Максимална синусна моќност:
180W / 8Ω
250W / 4Ω
Фреквенциска карактеристика:
4Hz - 160kHz (+0/-3dB)
Хармониски изобличувања (THD): <0,01%
Влезна осетливост (Uin): 1Vrms за 130W / 8Ω
Влезна отпорност: 25 kΩ
Однос сигнал-шум (S/N): >100dB
Опции: заштита од DC напон, задоцнето вклучување на звучниците, сензор за температура, автоматско вклучување на вентилатор.

 
Главни елементи и материјали:

Плочка: ППК561
Транзистори: 2SK135, 2SJ50, BF470, BF469
Грецови мостови: 200V/25A
Трансформатори: 50V/6A или 50V/10A

Клучни зборови:

Изработениот прототип на овој МОСФЕТ засилувач

Поглед во внатрешноста на изработениот МОСФЕТ засилувач


МОСФЕТ засилувачот со модифицирана плочка - дело на нашиот читател Александар Бабаков од Скопје

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.