Многу често, кога проектираме некое коло, ни се јавува потреба од дополнителен негативен напон. На располагање ни стојат голем број специјализирани кола за оваа намена но тие, барем кај нас, ниту се наоѓаат лесно ниту се со занемарлива цена. Во моментите кога ситуацијата изгледа безнадежна, бидејќи мотање на дополнителна намотка на трансформаторот и не е најинтелигентно решение, можете да се послужите со решението кое ви го нудам овде.