Емитер 11/1999.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во овој и следните неколку броеви на ЕМИТЕР ќе бидат изложени повеќе или помалку познати елементи поврзани со вечната тема на заземјувањето и меѓусебното поврзување на аудио уредите во една комплетна инсталација што треба непречено да работи без оглед на бројот на уредите што се користат при која било конфигурација. Инсталирањето на уредите подразбира нивно меѓусебно поврзување во кое неминовен придружник е заземјувањето. Со заземјувањето практично постои борба уште од првите денови на преносот на сигналот. Натамошниот бурен развој на електрониката и на телекомуникационата техника придонел да се извршат теориски и практични истражувања за да се дојде до најприфатливите правила со чија примена ќе се постигнат задоволителни ефекти. Меѓутоа, развојот и натаму незапирливо тече и доведува до неминовна промена во сфаќањата за заземјувањето кај "старата" аналогна техника, наспроти "новата" дигитална техника. Во продолженијата што следат ќе се направи обид да се осветлат многу интересни прашања претежно поврзани со практичната страна на заземјувањето.
Секој аудио уред има некаква механичка “поткрепа” која, едноставно, го одржува како физичка целина. Најчесто се работи за една метална структура (куќиште) што, патем, ги заштитува електронските кола од надворешни електрични и магнетни полиња. Таа носечка метална структура најчесто се нарекува шасија. Таа електрично е приклучена на заземјувањето.
Инсталирањето на аудио уредите и нивното меѓусебно поврзување ќе биде исправно доколку се запазат тука изложените правилни технички принципи. Доколку тоа е добро направено, сите уреди ќе функционираат со нивната целосна спецификација, и секако, карактеристиките од спецификацијата што ги дал производителот се добиваат со уред што работи со оптималните перформанси. Најдобрите инсталации ќе им овозможат на уредите ова да се достигне, но некои грешки што можат да се поткраднат ќе предизвикаат и најдобриот уред да работи лошо. Овде ќе ги разгледаме аудио аналогните сигнали, а останува посебно да се разгледаат дигиталното аудио, контролните и податочните поврзувања за да се проучи како овие две можат да влијаат на аудио квалитетот и на надежноста на системот.
Основната цел на меѓусебното поврзување е да се овозможи она што излегува од еден уред да пристигне на влезот на следниот уред без нарушувања. Постојат три главни причини за нарушувања. Едната е додавање дополнителни сигнали како брум, шум или преслушување од други сигнали присутни во инсталацијата. Втората причина е фреквенциската селективност и може да произведе резонанции со внесување реактивни елементи (со влезните и излезните импеданси на уредите) како и капацитивноста на кабелот. Капацитивноста на кабелот може да создаде ефект на нископропусен филтер. Конечно, влезните и излезните нивоа мораат да бидат приспособени едни на други.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.