Астрономија и астронаутика

Младиот португалски физичар Жоао Магеижо излезе со нов модел за еволуцијата на Вселената - алтернатива за “инфлаторскиот” модел на Алан Гат. Новиот модел повлекува далекусежни импликации: брзината на светлината во Ајнштајновата равенка на столетието Eo = m•c^2 не е веќе константа, туку променлива големина, црните дупки не се дупки, теоретски можни се патувања со поголема брзина од “c”, вселената вечно се обновува со перманентни повремени Биг Бенгови...


Електроника

Мерачот на индуктивност е значаен инструмент кој треба да го има една работилница за електроника, а особено им е потребен на оние коишто се занимаваат со градба на уреди кои меѓу другото содржат и по некоја намотка. Ние ви нудиме адаптер за мерење индуктивност којшто едноставно се приклучува на дигитален мултиметар (DMM). Опсегот на мерење е од 3µH до 7mH во два опсега. Во првиот опсег можни се мерења од 3µH до 500µH, а во вториот опсег од 100µH до 7mH.


Информатика

Сигурно повеќето од вас се нашле во ситуација од разни причини да имаат проблеми со стартувањето на инсталираниот Windows. Во ваков случај се јавува потреба од бутирање (подигнување) на компјутерот со претходно креирана бутабилна (подигнувачка) дискета. Во написов ќе стане збор како да креирате бутабилно CD, со користење на претходно креирана бутабилна дискета, CD-снимач, апликацијата за снимање на CD-R/RW медиуми Nero Burning ROM и празен CD-R.


Аудио и видеотехника

Стандардниот минидиск имаше мемориски простор доволен за снимање на само едно CD (при најдобар квалитет), а гладните аудиофили бараа повеќе це-деа на истиот минидиск, со уште подобар квалитет на звукот. Еве, Сони ги нахрани гладните уши на аудиофилите: направи нов вид минидиск на кој можат да се снимат 45 часа музика!


Електроника

Овој полач за акумулатори претставува многу практично решение кога имаме потреба од полнач кој треба да е издржлив, полнач со кој нема да треба да го контролираме во секој момент акумулаторот дали се наполнил или му треба уште полнење, полнач кој при случаен краток спој на излезот нема да прегори бидејќи во тој момент се однесува како генератор на константна струја и полнач кој е толку робустен што, за жал, ќе ви го наполни акумулаторот со спротивен поларитет доколку ги погрешите половите од


Макетарство и моделарство

Најверојатно читателите ќе се запрашаат зошто започнувам со објаснување на градба на модел, ракета со падобран, а не како што следат категориите во ракетното моделарство? Одговорот е едноставен. Оваа категорија е најзастапена на натпревари во јуниорска категорија како во републички ранг, така и на меѓународно ниво. Во текстот што следи е прикажан модел на ракета со падобран од категоријата С-3-А, кој како кит-комплет го подготвува Атанас Ташовски од Аеро клубот Кавадарци.


Електроника

Овој проект ќе ви овозможи практично да се запознаете со начинот на кој се врши радиолоцирање на предаватели, популарно наречено кај радиоаматерите "лов на лисици". Станува збор за мал предавател кој може да го поставите на кој било подвижен објект и да го следите неговото движење.


Астрономија и астронаутика

Што е поголемо од астероид, помало од планета, целото црвено и толку, толку далеку? Одговорот е: мистериозно планетоидно тело откриено од тим на НАСА предводен од научници од Калифорнискиот технолошки институт. Името му е Седна, а крстено е по старата инуитска божица на студениот северен океан.


Телекомуникации

Веќе подолго време на страниците на ЕМИТЕР пишуваме за мобилни телефони од високата класа, кои во себе ги имаат имплементирано најновите технолошки достигнувања, па оттука и нивната цена редовно е доста висока. Од таа причина во овој број се решивме повеќе внимание да им посветиме на мобилните телефони од ниската класа, кои со својата цена се подостапни за сечиј џеб, но и за да ја задржиме традицијата малку место им отстапуваме и на пософистицираните модели.


Автомобилска техника

Еден од најважните фактори за стабилност на возилото е меѓусебната положба на тркалата и нивната положба во однос на рамнината на движење. Положбата на тркалата треба да обезбеди непречено и лесно управување со возилото, како и противулога во нерамномерно и претерано трошење на гумите. Тркалата меѓусебно не стојат ниту паралелно, ниту вертикално во однос на рамнината на движење. Правилната положба на тркалата се манифестира преку сооднос на трагата, наклонот и затурот.


Информатика

Со декади го слушавме ехото во големата катедрала од големиот и моќен пастир како неговото Свето писмо е она вистинското, најсигурното и најверното. Ги слушавме прво проповедите по Стариот Завет, со кои ни беше речено дека се вистинското слово, потоа се случи Новиот Завет ветувајќи ни подобра религија од она што беше претходно речено. Но, ненадејно се појави неверникот и ги поколеба верниците со тоа што им ги откри чудните тајни на строго чуваното Свето писмо.


Аудио и видеотехника

Ја продолжуваме нашата серија тестови на компоненти за самоградба на звучници. Трговците и дистрибутерите се трудат да го снабдат пазарот со звучнички компоненти во сите сегменти на цени и на квалитети, а ние сме тука да ви помогнеме во изборот - да ви го најдеме најдоброто, за најмалку пари.


Аеронаутика

Со појавата на првите воздухопловни активности во светот, и во Македонија почнува да се развива спортското воздухопловство. Тоа со сите свои елементи битно влијае врз сеопштиот воздухопловен развој. Почетоците на првите организирани воздухопловни спортски активности во Македонија датираат од времето на формирање на првите аероклубови, 1924-1925 год. Постојат непобитни тврдења и докази дека најстар аероклуб во Македонија е Аероклубот од штип, формиран 1924 година.


Електроника

Колку пати ве доведува во очајување кога екранот на вашиот ТВ-приемник ќе се затемни и тонот ќе го снема пред самиот почеток на долго чеканата најинтересна епизода од латино-американска серија или натпревар од Светското фудбалско првенство. Нема да ви помогне силното удирање во кутијата на ТВ-приемникот, туку да викнете “најбрз” мајстор за поправка или сами да ги свиткате ракавите пред да ги пикнете рацете во внатрешноста на ТВ-приемникот.


Информатика

Дали некогаш сте се запрашале како се направени оние веб-страници кои преовладуваат на Интернет? ќе ве зачуди ли ако слушнете дека секоја веб-страница таму во големата мрежа може да се направи и со помош на еден прост текст едитор како што е нотепад, иако во изработката не е на одмет да имате некој веб-едитор. Како тоа може да се направи ќе видите од текстот што следи.


Метеорологија

Сигурно дека секој од нас барем еднаш си поставил некое од следните прашања: Какво е влијанието на различните метеоролошки услови (дожд, снег, заледување, облаци итн) врз безбедноста на летањето? Врз основа на што се донесува одлуката за полетување или слетување при постоење на магла и намалена видливост на аеродромите? Како и каде пилотите ги добиваат метеоролошките информации? Кои се граничните вредности на метеоролошките елементи и појави при кои е загрозена безбедноста на летањето?


Информатика

Новиот производ на Pentium 4 процесор моментално е на прво место во трката за најбрзи процесори од десктоп класа. Ако се занимавате со интензивна обработка на графика или аудио и видео материјали, овој процесор ги решава сите ваши проблеми.


Телекомуникации

Познато е дека радиобрановите ослабуваат кога поминуваат низ ѕидови и разни други препреки. Инфрацрвената светлина не може да поминува низ ѕидови. Тогаш се поставува прашањето како да се најде начин за ефикасен, но евтин систем за пренос на податоци во затворени простории. Сигурно сте виделе сцена од некој филм во која е прикажано како софистицирана "шпионска" опрема може да го следи движењето на лице низ некоја куќа. Да, сега веќе и тоа е можно.


Фототехника

При купувањето на дигитален фотоапарат изборот не е нималку едноставна работа. Понудата од ден на ден е сé поголема, а со тоа се зголемува и недоумицата кај потенцијалните купувачи. Факт е дека најголемо влијание на оваа недоумица има финансиската моќ на купувачите и затоа во овој напис се одлучивме да ви презентираме два дигитални фотоапарати и притоа колку можеме да ви помогнеме при дефинирањето на трите најважни параметри: квалитетот, можностите и се разбира цената.


Автомобилска техника

Речиси половина век после прикажувањето на првиот Фиат 500, автомобилот кој ја моторизираше Италија и "нашиот" дел од Балканскиот Полуостров, италијанците повторно ја активираат идејата за минијатурен автомобил. Концептот е наречен Трепиуно и со него Фиат го презентира своето размислување околу изгледот на наследникот на миленикот на неколку генерации.


Информатика

Уште од 1989 година кога за прв пат се појавиле "глувчињата", нивната улога во работата со компјутерите станала многу важна. Со нивната појава се олеснила и забрзала работата со компјутерите. Од нивната појава па се до денес, за повеќето од нас, глувчињата се незаменлив дел од компјутерот иако е можно сите работи што ги врши глувчето да се вршат со помош на тастатурата.


Медицина

Кверцетинот може да го намали ризикот од рак и срцеви заболувања Тој спаѓа во класата на водорастворливи растителни пигменти наречени флавоноиди и се наоѓа во гуавата, кромидот, јаболкото, зелениот и црниот чај. Помали количини се најдени во зелјестите и мешункастите растенија. Кверцетинот се однесува како антихистамин и има антиинфламаторни карактеристики. Повеќето од евидентните индикации, кои кверцетинот ги поседува, се силните антиоксидантни карактеристики.


Електроника

Слично како и кај другите интегрирани кола и кај операциските засилувачи проверката на нивната исправност не може да се направи со омски мерења туку со нивно функционално испитување. За таа цел потребно е да се изработи соодветно тест-коло во кое испитуваниот операциски засилувач ќе треба да извршува некоја функција која е типична за него. Нашиот испитувач се базира на примена на операцискиот засилувач како астабилен мултивибратор, т.е.


Автомобилска техника

Автомобилите со сино-бел знак отсекогаш биле меѓу најпосакуваните, па затоа секој нивни нов автомобил предизвикува посебен интерес. Овојпат, вниманието е насочено кон лимузината од високата средна класа, новата серија 5 на БМВ.


Информатика

Пред вас е наследникот на еден од најевтините ПДА (Персонал Дата Ассистант) уреди на пазарот, Палм-овиот моделот Зире. Првиот Зире претставуваше најосновна алатка, која можеше да се нарече ПДА уред или со наши зборови - џебен компјутер.


Аудио и видеотехника

Предзасилувачот е првиот засилувач што го прифаќа аудиосигналот добиен од претворувачот. Претворачот може да биде микрофон, грамофонска глава (Pick-up), магнетофонска глава или оптичка глава кај филмските проектори. Предзасилувачите обично прифаќаат сигнали со многу ниско ниво кои треба да ги засилат без да внесат забележливи изобличувања или дополнителни шумови.


Астрономија и астронаутика

Ова е нашиот краток водич за астрономи-аматери. Дознајте што, каде и како можете да набљудувате овој месец на нашето небо со помош на голо око, обичен двоглед и аматерски телескоп. Овој месец е во знакот на метеорскиот рој Лириди.


Омнибус

Крајслер ПТ Крузер Кабрио - "Гангстерски" кабриолет; Презентација на AMD Athlon 64 во Тетово; Рим преминува на Линукс; Основен курс по астрономија; Значењето на договорот со Мајкрософт; LANmark-OF3xt; Марс во минатото бил погоден за живот?!


Писма
Најдобра свртница за Транс 8
Фреквенцметар
Проект од Интернет
Трепкач за повеќе силни светилки
Скап проект и застарени сервисни шеми