Рубрика: Информатика
Како да направите бутабилно CD
Автор: Горан Џамбазов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2004.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Сигурно повеќето од вас се нашле во ситуација од разни причини да имаат проблеми со стартувањето на инсталираниот Windows. Во ваков случај се јавува потреба од бутирање (подигнување) на компјутерот со претходно креирана бутабилна (подигнувачка) дискета. Во написов ќе стане збор како да креирате бутабилно CD, со користење на претходно креирана бутабилна дискета, CD-снимач, апликацијата за снимање на CD-R/RW медиуми Nero Burning ROM и празен CD-R.

Бутабилна дискета во оперативниот систем Windows 98 се прави преку аплетот Add\Remove Programs, со кликање на копчето Create Disk во картичката Startup Disk, може опционално да се направи во текот на инсталацијата на Windows 98, а постојат и други помалку познати начини. Вака креираната дискета поддржува работа со CD-ROM уред и тврди дискови форматирани со FAT и FAT32 податочен систем. За да се подигне PC-то од дискета, во BIOS-от на системот, во редоследот на обиди за бутирање, треба да биде наместено прва да биде дискетната единица. Ако во дискетната единица е ставена бутабилната дискета, по вклучувањето на PC-то и по завршувањето на почетните хардверски тестирања, системот се подига од неа. По бутирањето на системот со ваква дискета, со задавање на соодветни команди од добиениот команден промпт A:\>, може да се решат повеќето проблеми (на пр., повторно да се ископираат на системскиот тврд диск избришани системски фајлови, да се поправи бут-записот на системскиот тврд диск ако е оштетен од некој вирус, да се стартуваат некои дијагностички програми (на пр., Scandisk), да се ископираат на друг тврд диск податоците што ви се најважни, или во краен случај да се партиционира и форматира тврдиот диск и да се започне нова инсталација).

Бутабилното CD , како и бутабилната дискета, се користи за бутирање на PC, но има повеќе предности од неа, заради следните причини:

1. Флопи-дискетата користи магнетен медиум, кој е осетлив на надворешни влијанија, па запишаните информации на неа лесно може да се оштетат и да станат недостапни за читање. CD-то е медиум со многу повисока сигурност и век на траење.

2. Флопи-дискетата има многу мал капацитет (1,44MB), за разлика од CD-то кое има 650MB.

3. CD-ROM уредите се многу побрзи од дискетните единици, па бутирањето од CD трае многу пократко отколку од дискета.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.