Емитер 4/2004.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Младиот португалски физичар Жоао Магеижо излезе со нов модел за еволуцијата на Вселената - алтернатива за “инфлаторскиот” модел на Алан Гат. Новиот модел повлекува далекусежни импликации: брзината на светлината во Ајнштајновата равенка на столетието Eo = m•c^2 не е веќе константа, туку променлива големина, црните дупки не се дупки, теоретски можни се патувања со поголема брзина од “c”, вселената вечно се обновува со перманентни повремени Биг Бенгови...
“Инфлаторскиот” модел, беше доминантна космолошка теорија за еволуцијата на вселената во изминатите 20 години, бидејќи таа нуди некои објаснувања, во прв ред одговор на прашањето: зошто вселената е таква, каква што ние денес ја гледаме. Авторот на инфлаторскиот модел – Алан Гат (Alan Guth), се обидел да ја објасни унифицираноста на конфигурацијата на вселената, која таа денес ја има, или поинаку кажано се обидел да пронајде таков модел на вселената, во кој многу различни конфигурации би можеле да еволуираат во само една униформна, каква што е таа денес.
Инфлаторскиот модел на Ален Гат, досега бил ревидиран неколку пати: најнапред Андреј Линде (Andrei Linde) од Институтот во Москва, Пол Стеинхард (Pail Steinhardt) и Андреас Албрехт (Andreas Albrecht) од Институтот во Пенсилванија, го ревидирале во т.н. “нов инфлаторен модел”, а подоцна Андреј Линде повторно го “подобрил” преименувајки го во т.н. “хаотичен инфлаторен модел”. Денес, со ваков модел главно се согласни голем број научници.
Но, младиот португалски физичар Жоао Магеижо (João Magueijo) никогаш не го прифаќал “инфлаторскиот” модел. Тој долго време размислувал околу тој судбоносен момент во историјата на вселената: “Идејата, дека вселената експандирала од големина на субатомска честичка за помалку од милијарда трилион трилионити делови од секунда, зголемувајќи ги своите димензии 1030 пати, се наметнува како неверојатна и претставува очигледен проблем во еволуцијата на вселената”, дециден е Магеижо. “За ова делче од историјата на вселената науката мора да најде поубедливо објаснување” – вели тој.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.