Рубрика: Аудио и видеотехника
Минидиск од 1 GB
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2004.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Стандардниот минидиск имаше мемориски простор доволен за снимање на само едно CD (при најдобар квалитет), а гладните аудиофили бараа повеќе це-деа на истиот минидиск, со уште подобар квалитет на звукот. Еве, Сони ги нахрани гладните уши на аудиофилите: направи нов вид минидиск на кој можат да се снимат 45 часа музика!

Јапонскиот гигант Сони во јануари оваа година пријатно го изненади целиот свет – презентира нова, подобрена варијанта на својот минидиск (MD), наречена High Capacity MiniDisc (Hi-MD). Новиот Hi-MD disk има мемориски капацитет од дури 1 гигабајт (1 GB)! Во однос на стариот минидиск (177 MB), тоа претставува зголемување за повеќе од 5,6 пати. Однадвор, новиот Hi-MD диск не се разликува од стариот (освен по налепницата со новата цена, би рекле циниците), но постои суштинска разлика во структурата на магнетниот слој и, особено, во новиот метод на читање, односно детекција на сигналот.

Микро Hi-MD систем Sony LAM-X1

Големиот мемориски капацитет на Hi-MD минидискот овозможи и еден неочекуван “десерт”: Hi-MD системот може на еден Hi-MD минидиск да сними еден цел CD директно, без компресија!!! Со оваа егзактна, “клонирана” CD копија, новите Hi-MD уреди станаа страшно опасен конкурент на класичните CD-R рикордери.

Клучни зборови:
Минијатурен Hi-MD дигитален фотоапарат

Минијатурен Hi-MD дигитален фотоапарат

Микро Hi-MD систем Sony LAM-X1

Микро Hi-MD систем Sony LAM-X1

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.