Рубрика: Омнибус
Анкета
Автор: Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/1998.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Изминаа точно две години од нашата претходна анкета. Во меѓувреме излегоа дваесетина броеви преку кои ЕМИТЕР ја дооформи својата концепција (иако сè уште не баш онака како што сакаме), а кругот на читатели се прошири. Затоа сметаме дека е време повторно заеднички да разгледаме што сме направиле и што понатаму треба да правиме. Иако вашите размислувања за концепцијата и содржините на ЕМИТЕР редовно ни пристигнуваат (преку писма и телефонски јавувања), сепак сметаме дека една посеопфатна анкета ќе биде многу корисна. Ве повикувам да одвоите неколку минути, да го пополните овој анкетен лист и да го испратите на нашата адреса најдоцна до 1-ви јули. Верувајте дека Вашиот труд нема да биде залуден бидејќи резултатите од оваа анкета ќе влијаат на нашата издавачка и уредувачка политика. Но, тоа не е сè - учествувајќи во анкетата воедно учествувате и во мала НАГРАДНА ИГРА во која ќе наградиме 55 читатели: 5 читатели ќе добијат годишна претплата на ЕМИТЕР, 25 по една ППК за некој од објавените проекти, а 25 по еден примерок на ЕМИТЕР. Однапред Ви благодарам за помошта. Гл. Уредник Слободан Таневски

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.