Емитер 7-8/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Ветеранот во аудио индустријата на овие простори, Братислав Зафировски, го презентира најновиот производ на Јамаха, минијатурен преносен снимач на звук со висока резолуција - POCKETRAK C24.
Сите ние, вљубениците во техниката, се воодушевуваме од убави и минијатурни технички уреди, да не речам справички или gadgets. Еве еден таков: Yamaha Pocketrak C24.
Лесен, компактен и мултифункционален снимач на звук, со тежина од едвај 57 гр. заедно со батерија, вграден звучник, стерео-микрофон и внатрешна меморија од 2 GB. Напојуван е од 1 (една) 1,5 V AAA алкална батерија која трае од 7 до 34 часа во зависност од форматот на аудиозаписот (16 часа за PCM 44,1kHz/16 бита).
Меморија: 2GB + microSD/SDHC слот
Формати на снимање: MP3 / PCM (WAV)
PCM семплирање / кодирање: 44,1 – 96kHz / 16 или 24 бита
MP3 компресија (bit rate): 32 – 320 kbps
Фреквентен опсег на снимање со надворешен микрофон:
- 40Hz – 6,7kHz (MP3 32kbps)
- 40Hz – 21kHz (MP3 320kbps)
- 40Hz – 21,7kHz (PCM 44,1kHz)
- 40Hz – 47kHz (PCM 96kHz)
Траење на снимката со вградената меморија од 2GB:
- од 55 мин. за PCM 96kHz/24 bit до 136 часа за MP3 со 32kbps
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.