Рубрика: Астрономија и астронаутика
Изгубената планета Фаетон
Автор: Милан Илиоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2002.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Денес се верува дека повеќе од 100 000 објекти се наоѓаат во просторот помеѓу Марс и Јупитер – во т.н. "астероиден појас". Дали тие претставуваат остатоци од дамнешна планета која се распаднала или се само "огромни карпи" кои не успеале да се претворат во планета? И каква ли ќе биде иднината на овие небески тела кога до нив ќе стигнат првите астронаути?

Славниот германски математичар и астроном Јохан Кеплер (1571 – 1630) потрошил доста време за да воспостави врска помеѓу движењето на планетите и нивното растојание од Сонцето. Откако го изработил познатиот геометриски приказ на Сончевиот систем и ги открил трите закони за движење на планетите, Кеплер заклучил дека за создавање на еден целосен емпириски закон – му недостасуваат две планети. Тогаш изнесол претпоставка дека по едно непознато небесно тело би морало да се наоѓа помеѓу Меркур и Венера и помеѓу Марс Јупитер. За првото небесно тело претоставката се покажала погрешна. А за второто небесно тело ? – Па, помеѓу Марс и Јупитер не е најдена планета, но подоцна е откриено нешто друго…

Противниците на хипотезата за постоењето на Фаетон велат дека  за да бидат астероидите вистински остатоци од планетата која експлодирала, тогаш нивните орбити мора да бидат во различни замислени површини (под различни агли), а не како во сегашниот временски период кога тие главно лежат во рамнината на еклиптиката. Тие исто така велат дека вкупната маса на астероидниот појас е уште попогубна за  постоењето на хипотезата на Фаетон, наведувајќи дека ако се соберат масите на сите денес постоечки астероиди заедно, тогаш би добиле топка со пречник од само 1 300 km.

Дали има барем малку вистина во хипотезите за постоењето планета на местото од астероидниот појас?

Советскиот космонаут, Павел Попович, изнесе во 1982 г. интересно мислење за настаните кои следеле по пропаста на “изгубената планета” – Фаетон. Колосална подземна експлозија, смета космонаутот, отфрлила поголем дел од планетата во космичкиот простор. Едно џиновско парче стигнало до Сатурн, ја завртило неговата месечина Феба (220 km  пречник) во обратен правец, за потоа да се распадне во безброј делови, кои ги формирале прстените околу оваа планета. Друго  џиновско парче од Фаетон пролетало покрај Уран и го изместила толку многу, така што тој скоро да лежи настрана. Кинетичката енергија на џиновското парче се исцрпила во моментот кога тоа стигнало до денешниот Плутон. Значи, смета Попович, деветата планета на Сончевиот систем, не е ништо друго туку дете на Фаетон.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.