Сабота, 25 март, астероид со големина помеѓу 50 и 100 метри ќе помине блиску до нашата матична планета. И, барем засега, нема никакви ризици за да удри во Земјата.
Астероидот е три пати поголем од оној што ги испокрши прозорците во Челјабинск, Русија, во 2013 година (за да се потсетите на овој настан читајте тука, тука и тука) и треба да помине покрај нас на половина од растојанието до Месечината во сабота навечер, на 25 март, во 20 часот и 52 минути по македонско време.
Астероидот со ознака 2023 DZ2 ќе “пофучи” со брзина од 28 илјади километри на час и ќе биде видлив со телескоп од северната хемисфера. Ако немате телескоп или можност за набљудување, не очајувајте, проектот Виртуелен телескоп ќе ги пренесува сликите од блиската средба во живо на нивниот интернет канал. Гледано преку телескоп од северната хемисфера, астероидот ќе наликува на бавно движечка ѕвезда над југоисточниот хоризонт, источно од соѕвездијата Орион, Големо Куче и Малo Куче.
Астероидот беше откриен од астрономи од опсерваторијата Ла Палма на Канарските острови во февруари 2023 година. Неговата максимална големина е проценета помеѓу 44 и 99 метри. Точното потекло на 2023 DZ2 засега не е познато, но повеќето од астероидите што минуваат во близина на Земјата потекнуваат од астероидниот појас помеѓу Марс и Јупитер. Имено се работи претежно за астероиди што поради интеракциите со Јупитер биле исфрлени од нивните орбити.
Иако големината на овој астероид не се чини како нешто особено, имајте на ум дека ако некогаш се урне во Земјата, објект како DZ2 сепак може да предизвика сериозна штета. За да си претставуте поточно колкава моќе да биде таа штета, споменете си за метеоритот Челјабинск, кој во 2013 година експлодираше во Русија. Тој метеорит веројатно беше долг околу 18 метри и оштети 7000 згради, при што беа повредени повеќе од 1400 луѓе, најчесто со парчињата од искршено прозорско стакло кое “експлодирало” под дејство на звучниот бран од експлозијата на метеоритот. Се процеснува дека DZ2 е најмалку три пати поголем од рускиот метеорит.
Метеоритот од Челјабинск, од 2013 година, фатен од камера
Дали има место за загриженост? Не, астероидот ќе остане на оддалеченост од околу 173 000 километри од Земјата. Врз основа на тековните информации за орбитата на 2023 DZ2, постои веројатност од 1: 430 тој да удри врз Земјата на 27 март 2026 година. Но според американскиот сајт за астрономија EarthSky, оваа мала веројатност може да се покаќе уште помала при попрецизното пресметување на траекторијата на астероидот. Орбиталниот период околу Сонцето на 2023 DZ2 е околу 3,17 години.