Првата вселенска мисија со астронаути до астероидниот појас би можела да се случи во рок од 50 години, велат ракетните инженери, но под услов луѓето да го “освојат” Марс до 2038 година. Нивното предвидување се заснова на економска анализа на стапката на раст на вселенските буџети со текот на времето, како и врз проширувањето на сферите на интерес и апетитите за освојување на вселената на луѓето од почетокот на вселенската ера до денес.
Џонатан Џианг од Лабораторијата за млазен погон во Пасадена и неговите колеги се нафатија да изготват временска рамка во која би можеле да се случат мисии со човечки екипаж до астероидниот појас, до Јупитер, па дури и до Сатурн. Тие започнале со анализа на начинот на којшто буџетот на НАСА се зголемил од нејзиното формирање во 1958 година до денес. Притоа биле забележани неколку врвови во оваа крива, коишто одговарале на значително зголемување на трошоците:
• 1966 година со зголемување на обемот на програмата Аполо при што буџетот на НАСА изнесувал околу 1 процент од Бруто националниот производ на САД;
• 1991 година кога агенцијата одлучилa да се здружи со приватниот сектор заради развој на замена за вселенски шатл; и
• 2018 година кога ја започна развојотна програмата Артемис чијашто цел е да ги врати луѓето на Месечината, а потоа да ги испрати и на Марс.
Во моментов во Сончевиот систем со сигурност е потврдено присуството на 1 113 527 астероиди
Но, како што откриваат Џианг и колегите, севкупниот тренд, сепак, е стабилен линеарен раст. Тимот, се обидува да ги направи реална проценка и за стапката на напредок на технологијата, бидејќи во основа на сите мисиите во длабоката вселена секако е дизајнот и производството на финкционални сложени хардверски системи и системи за одржување на животот на астронаутите. Тие ова го прават преку броење на објавените научни трудови кои се фокусираат на истражување на длабоката вселена и проценка на годишната стапка на раст на ова поле.
Конечниот фактор што го тимот го користи за процена е ефективниот обем на човековата активност во вселената, а особено растојанието на коешто се одвива оваа активност. Ова растојание мошне брзо се зголемуваше во зората на вселенската ера – од првите чекори во ниската орбита на Земјата до првото успешно слетување на Месечината, сместена на растојание од 0,0026 АЕ АЕ („астрономска единица“ – растојанието од Земјата до Сонцето, 1 500 000 km) . Проектот Артемида ќе испрати луѓе на Марс до 2037 година со што растојанието до коешто човековата активност допрела во вселената ќе се зголеми на 0,3763 АЕ. Претпоставувајќи дека оваа мисија ќе биде успешна, таа ќе обезбеди уште податоци што тимот може ќе може да ги користи за проектирање во иднината.
Земајќи ги предвид сите овие трендови, тимот произведе модел кој предвидува кога ќе се случат следните човечки мисии во далечните делови на Сончевиот систем. Овој модел предвидува мисија до астероидниот појас со човечки екипаж до 2073 година, посета на Јупитер и неговите сателити од астронаутите до 2103 година, а до 2132 и преземање на мисија со човечки екипаж до Сатурн.
Се разбира, предвидувањата од овој вид се исполенти со неизвесност. Некои фактори, како што се ненадејните климатски промени, би можеле да го забрзаат отиснувањето на човекот во длабоката вселена, додека други, како што се пандемиските услови што ги имавме со ковидот, би можеле драматично да го забават напредокот. На крајот, економските услови и националните приоритети ќе ја одредат стапката на развој.