Емитер 7-8/2002.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Светскиот трговски центар во Њујорк претставуваше комплекс на згради со две административни кули (кулите-близначки), и уште четири споредни згради (8 до 10 спратни) кои беа распоредени околу кулите и формираа една целина. За Светскиот трговски центар во Њујорк, за двете кули - близначки кои го допираа небото над Њујорк, ќе изнесеме некои интересни детални податоци во однос на димензиите, градбата, функционалноста и сл. кои досега не сте ги знаеле. Секако, и за техничките причини за рушење на кулите по ударот на двата авиони на 11 септември 2001 година.
Светскиот трговски центар во Њујорк претставуваше комплекс на згради со две административни кули (кулите-близначки), и уште четири споредни згради (8 до 10 спратни) кои беа распоредени околу кулите и формираа една целина. Во комплексот беа сместени разни компании (осигурителни, трговски и сл), претставништва, банки, царинската управа на САД и еден хотел. Имаше вкупно околу 50 000 работни места, а дневно комплексот го посетуваа околу 75 000 посетители. Во подземниот дел поминуваше подземната железница, а исто така имаше и подземна гаража за 2000 автомобили.
Она што го правеше посебен овој Светски трговски центар беа кулите-близначки. Два високи објекти со димензии во основа на една кула 63,5 x 63,5 m и висина од 411 m т.е. 110 спрата. Корисна висина на секој спрат беше 2,62 m, а висината навлезниот хол беше 22,3 m. Визуелно и функционално кулата беше поделена на три вертикални дела (оваа поделба е видлива при поглед на кулите однадвор) и тоа на 44 и 78 кат.
* * * * * * *
На 11 септември 2001 година двете кули-близначки беа погодени со два патнички авиони. Првиот удар беше во 08:45 часот, а вториот во 09:03 часот по локално време. Според пресметките на конструкцијата, проектантите се изјасниле дека конструкцијата е доволно јака, така што би можела да прими и удар од авион без да се сруши. Ова во практиката се покажа дека е точно. По повеќе од 1 час од ударот зградите се уште го допираа небото. Но она што ја ослабна конструкцијата и го предизвика рушењето на зградите всушност е пожарот. При ударот на авионот, тој бил полн со гориво, кое придонело да се развие висока (непредвидена при проектирањето) температура. Високата температура ги намалила јачинските карактеристики на челикот, така што тој дел од кострукцијата под притисок од тежината од горните катови попушти.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.