Рубрика: Информатика
Лице во лице со CorelDraw
Автор: Јасмина Димчева
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2002.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Замислете ваква ситуација: Сте добиле задача да сработите нешто на компјутер. Ви ја објаснуваат внимателно задачата и програмата со која тоа треба да го направите. Со претпоставка дека во вашата глава се крие исклучително голем мозок, кој секако, го користите само во специјални пригоди – вие сте разбрале сè. Нема проблем.
Меѓутоа, кога сте се нашле пред компјутерот, сте сфатиле дека ви недостигаат важни информации: како да дојдете до местото каде што се внесуваат програмските инструкции, како се користат одредени алатки и можности на програмата... Компјутерот е вклучен, гледа во вас, вие во него.... На сè што ќе внесете добивате порака за грешка. Обесхрабрени сте.... Сум го доживеала тоа. Грозно е чувството. Проблемот е во тоа што поголем број од нас се прават дека ги знаат тие најосновни работи. Но да ја погледнеме вистината, кога се компјутерите во прашање, релативно мал број луѓе знаат за што всушност се работи, а додека оние што знаат се секогаш зафатени. Заради тоа, ние сме овде за да ја запознаете основата на некои компјутерски програми. Мојот избор за овој број е CorelDraw, објектно-ориентиран софтвер за векторска графика.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.