Емитер 7-8/2002.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
За звучните кутии од типот на трансмисиона линија (transmission line – TL) кај аудиофилите владее уверување дека имаат фантастични својства, супериорни над сите други видови звучни кутии. Покрај сите претерувања и бујната фантазија, како и кај секоја бајка, и тука има по некое зрнце вистина. Верувам дека овој проект на звучна кутија од типот на трансмисиона линија ќе им овозможи на аудиофилите да ги дознаат нејзините предности и недостатоци.
Повозрасните читатели сигурно се сеќаваат на SBI серијата проекти на звучни кутии со Dynaudio компоненти објавени во хрватското списание SAM, во 1981 година. Од денешна гледна точка (сега е лесно да се правиме паметни) нивната прва серија беше апсолутно непотребно искомплицирана со свртници од симетричен четврти ред (24 dB/oct.). Во втората серија SBI/II проекти (во 1984 год.) тие отидоа во друга крајност, форсирајќи свртници од прв ред (6 dB/oct.), кои не се секогаш најдобро решение – како што покажав со подобрувањето на SBI проектот Selektor 100, во ЕМИТЕР 5/99 – "Операциона сала: Звучници од нашите читатели (5)".
Една голема грешка во SBI/II серијата беше употребата на бас-среднотонскиот звучник Dynaudio 24W75 во несоодветно мала компресиона звучна кутија од само 32,5 литри (проектите SBI 5/II и Mentor II). Кај Dynaudio 24W75 измерив многу висок Qts параметар (Qts=0,87), па во таква звучна кутија се добива Qtc=1,5, што е премногу: басовите се недефинирани, матни, продолжени и без резолуција, а средните басови се пренагласени. Поради високиот Qts параметар, Dynaudio 24W75 е совршен кандидат за TL звучна кутија.
За Dynaudio 24W75 проектирав TL звучна кутија со која добив одлични резултати, подобри отколку во компресиона звучна кутија со истиот волумен. Подобрувањето не е во квантитетот, туку во квалитетот на ниските тонови – за оваа TL кутија измерив фантастични Qtc=0,57! Напоменувам дека овој проект не е оптимален за бас-звучникот Dynaudio 24W75, бидејќи нарачателот на оваа звучна кутија инсистираше на што помал волумен на кутијата. Затоа ова TL звучна кутија ја проектирав за што подобар квалитет, а квантитетот на басовите беше на втор план.
Кутијата е изработена од mediapan дебел 22 mm, со дополнителна внатрешна преграда за вкрутување, така што кутијата воопшто не резонира дури и при гласна музика. Тежината на празната звучна кутија е 40 kg! За да се избегнат дифракционите појави, горната површина на фланшата од високотонецот е во иста рамнина со предната плоча на звучната кутија. На фотографијата е прикажана нефинишираната звучна кутија. Предните рабови од кутијата можат да се заоблат. Дампирањето е изведено со “волна” од полиестер.
Амплитудно-фреквенциската карактеристика која се добива со новопроектираната свртница
Звукот е одличен: прецизен и авторитетен бас, проѕирни и чисти високи тонови, со аналитични средни тонови кои се само малку повлечени – најверојатно заради потесната дисперзија од широката мембрана на бас-среднотонецот.
Бас-среднотонец; Dynaudio 24W75 Високотонец; Dynaudio D28/2
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.