Емитер 204 - 4/2022.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Идејата за изградба на астрономска опсерваторија во Македонија прострујува низ македонскиот интелектуален простор отприлика на секои десетина години. Ова им е на сите добро познато, особено на аматерските астрономски друштва како и на сите љубители на астрономијата во Македонија. Колку сме блиску или далеку од вакво нешто? Сонувачите никогаш не се откажуваат, а младите сили влеваат надеж дека можеби работите е можно да се мрднат во некоја подобра насока...
Љубителите на астрономијата, иако малубројни кај нас на времето, во деведесеттите години од минатиот век и на почетокот од новиот милениум беа дисперзирани во повеќе друштва и клубови и тогаш не постоеја социјални мрежи за ваква конзистентна комуникација.
На времето, кога во СФРЈ се правеле анализи за изградба на научна астрономска опсерваторија, од пет можни погодни локации (во зависност од метеоролошки услови и светлосното загадување) на целата територија на федерацијата, четири се наоѓале на територијата на Македонија. Две локации во Овчеполието, една во Мариово и за четвртата не се сеќаваме точно, но сите четири локации исполнувале максимални критериуми од аспект на број на сончеви денови (без облаци), просечна годишна релативна влажност на воздухот и оддалеченост од поголеми населени места (светлосно загадување). Но, федерацијата се распадна и овие анализи не вродија со плод.
По иницијатива на астрофизичарот Паскал Сотировски за изградба на едукативно-научна опсерваторија за набљудување на Сонцето, на Зајчев Рид е почната изградбата на објект во кој би се сместил телескопот дониран од Франција. Објектот во фаза на изградба е оштетен при Скопскиот земјотрес во 1963 година и изведбата е стопирана, а телескопот многу години потоа стои во депото на Природно математичкиот факултет. Многу подоцна, кон крајот на 90-тите години, имаше иницијатива од страна на професорот астроном Мијат Мијатовиќ, да се изгради објект во склоп на ПМФ, па тука да се инсталира овој веќе застарен инструмент, со цел да служи за едукација на студентите по физика и ентузијастите од астрономските друштва. Едно време стоиштето (стожерот) на телескопот стоеше на терасата, над влезот на ПМФ и телескопот се користеше во одредени ситуации.
Телескопот е целосно склопен и сјае во новата боја, на терасата над влезот на ПМФ. По точно 60 години тој повторно блеска во целата своја големина (фото: Астрономски алманах, 2016 година, МАД)
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 204 - 4/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.