Емитер 204 - 4/2022.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
“Најславниот во куќата на славните”, “Чипот кој го промени светот”, “Дедото на модерните процесори”… тоа се само некои од бомбастичните наслови што можеа да се прочитаат деновиве на интернет, кога Интел го прославува 50-тиот роденден на својот прв комерцијален микропроцесор!
Колку и да делуваат претерано некои од насловите, сепак вистината е таа – Intel 4004 е првиот комерцијален процесор достапен за широките потрошувачки маси и пионерски производ што навистина го промени светот и направи револуција на полето на интегрираната електроника. Колку и да делува шаблонски, па и патетично, сепак да подзастанеме за миг, да се свртиме назад низ годините и да ја замислиме денешницава без модерната компјутерска технологија. Дали сè уште би пишувале писма рачно, би вртеле на “бапските” телефони, би гледале во црно-бел телевизор со неколку канали и дали секој дома би имал една соба со ENIAC во неа?
Сепак, гулабите писмоносци се историја на која одвај се сеќаваме, како и на телефоните од моето детство (“у име свих нас из педесет/шездесет и неке”)*… преживеаја само “дигитроните”, но и тие нема уште долго да траат.
А токму дигитроните, односно – калкулаторите, се иницијалната каписла на микропроцесорската револуција која трае веќе 50 години.
Четирите чипови на Intel MCS-4 (Micro-Computer Set-4) чипсетот
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 204 - 4/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.