Корпорацијата Интел и Society for Science & the Public денес објавиja дека 18-годишниот Хан Жи (Остин) Ван од Ванкувер, Канада, е добитник на првото место и Гордон Е. Мур наградата, како и 75 000 долари за развој на микробиолошки горивни ќелии што поефикасно конвертираат органски отпад во електрична енергија. Наградата беше доделена на овогодинешниот меѓународен саем за наука и инженеринг на Интел, најголемиот натпревар за научно истражување во средни училишта во светот.
Ванг, кој ја доби главната награда, ги идентификуваше специфичните гени кај генетски подобрени бактерии од видот E. coli коишто им овозможуваат ефикасно генерирање на енергија. Неговиот систем може да произведе значително повеќе енергија од постоечките MFC процеси по цена којашто е конкурентна со енергијата добиена од сончеви ќелии.
Сијамантак Пајра, 15-годишник од Френдсвуд, Тексас, САД, пак е добитник на една од двете Intel Foundation Young Scientist награди, во вредност од 50 000 долари, за развој на електронски помагана протеза за колено што ќе им овозможи на поединците со потешкотии во одот да шетаат поприродно. Кога Пајра го тестираше прототипот со помош на две лица засегнати со полио, кај нив речиси веднаш беше обновено физичкото одење и им се зголеми мобилноста.
Кети Лиу, 17-годишна девојка од Солт Лејк Сити, Јута, САД, пак ја доби другата Intel Foundation Young Scientist награда во вредност од 50 000 долари за развој на алтернативна батериска компонента којашто може значително да ја подобри ефикасноста и безбедноста на батеријата. Батеријата на Лиу е помала и полесна, без ризик од пожар својствен за литиум-јонските батерии што се користат во авионите, кај мобилните телефони, па дури и кај ховер-бордовите.
“Интел им честита на победниците од оваа година и се надеваме дека нивната работа ќе ги инспирира другите млади иноватори да ги применат своите љубопитност и генијалност на денешните глобални предизвици.”, рече Розалин Худнел, директор на корпоративни работи во Интел корпорацијата и претседател на Интел фондацијата. “Овој интернационален саем за наука и инженерство е одличен пример за тоа што може да се постигне кога учениците од различни средини, перспективи и континенти доаѓаат заедно за да споделат идеи и решенија.“
Во 2016 година на меѓународниот саем за наука и инжинерство на Интел учествуваа повеќе од 1700 млади научници избрани од 419 филијали на саемот во 77 држави, региони и територии. Во прилог на врвните победници, околу 600 финалисти добија награди и признанија за нивните иновативни истражувања, вклучувајќи и 22 “Најдобар во категорија“ победници, од кои секој доби 5000 долари награда. Интел фондацијата исто така додели 1000 долари грант на секое училиште на победниците и на саемот кој го претставуваат.
Листaта што следува претставува преглед од најдобрите 20 победници по категории, од кои првите тројца беа одбрани:
- Ветерина и животински науки, River Grace од Мелбурн, Флорида, САД;
- Бихејвиористички и социјални науки, Rajeev Jha од Хонолулу, Хаваи, САД;
- Биохемија, Edward Kim од Вако, Тексас, САД;
- Биомедицински инжинеринг, Luiz da Silva Borges од Акидауана, Бразил;
- Биомедицински и здравствени науки, Jiwoo Lee од Хакенсак, Њу Џерси, САД;
- Клеточна и молекуларна биологија, Marissa Sumathipala од Ешбурн, Вирџинија, САД;
- Хемија, Kathryn Lawrence и Katherine Younglove од Болдер, Колорадо, САД;
- Пресметковна биологија и биоинформатика, Swetha Revanur од Сан Хозе, Калифорнија, САД;
- Планета Земја и екологија, Natalie Bush од Батон Руж, Луизијана, САД;
- Вградени системи, Syamantak Payra од Френдсвуд, Тексас, САД;
- Енергија: Хемиска, Kathy Liu од Солт Лејк Сити, Јута, САД;
- Енергија: Физичка, Tiasha Joardar од Плано, Тексас, САД;
- Механичко инженерство, Takahiro Ichige од Шиба Сити, Јапонија;
- Инженеринг за околината, Wyatt Pontius од Стерлинг, Вирџинија, САД;
- Наука за материјалите, Nicky Wojtania од Плано, Тексас, САД;
- Математика, Pei-Hsaun Chang од Тајпеј Сити, Кинески Тајпеј;
- Микробиологија, Han Jie (Austin) Wang од Ванкувер, Канада;
- Физика и астрономија, Camille Yoke од Ричмонд Вирџинија, САД;
- Наука за растенијата, Dennis Drewnik од Винипег, Канада;
- Роботика и интелигентни машини, Simone Braunstein од Њујорк, Њујорк;
- Системски софтвер, Charles Noyes од Вила Парк, Калифорнија, САД;
- Транслациска медицинска наука, Brennan Clark и Prashant Godishala од Голден Вели, Минесота, САД
“Нашите врвни победници оваа година, Остин, Сијамантак и Кети, јасно покажуваат дека возраста нема влијание врз вашата способност за спроведување на истражување и добивање решение за важни проблеми“, рече Маја Ајмера, претседател и извршен директор на Society for Science & the Public. “Ние им честитаме не само за нивниот успех, туку и за нивната посветеност и напорна работа. Тие и остатокот од финалистите на Intel ISEF се новите ѕвезди на науката, технологијата, инженерството и математиката, а ние со нетрпение очекуваме да ги гледаме како ги извршуваат своите работи, а за возврат ќе го направат светот подобро место за идните генерации.“
Меѓународниот саем за наука и инжинерство на Интел е во служба на најдобрите студенти за наука, иноватори и инженери. Финалистите се избираат годишно од стотици поврзани саеми. Нивните проекти се проценуваат на лице место од страна на 1000 судии од речиси секоја научна дисциплина, секој со докторат или шест години професионално искуство во една од научните дисциплини.
Целосна листа на финалисти е достапна во програмата на настанот. Меѓународниот саем за наука и инженерство на Интел е заеднички финансиран од страна на Интел и Интел фондацијата со дополнителни награди и поддршка од десетици други корпорации, академски, владини и други организации фокусирани на наука. Оваа година беа доделени околу 4 милиони долари.