За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови ги одбележуваме настаните од науката и техниката што се случиле на денешен ден. Изборот на настаните и коментарите се на нашите стручни соработници.
21.03.1768 – роден е Жан-Батис Жозеф Фурије
Жан-Батис Жозеф Фурије е француски математичар и физичар, најпознат како истражувањето на т.н. Фуријеови редови и нивната примена при топлинскиот трансфер и преносот на вибрации. Во негова чест именувани се Фуријеовата трансформација и Фуријеовиот закон. На Жан Батис Фурије му се припишува и откритието на ефектот на стаклена градина.
Фуриjеовите редови претставуваат математичка операција со која периодичната функција се расчленува на нејзините “спектрални компоненти“ за поедноставна анализа. Првите неколку членови од ова математичко развивање честопати се користат во технологијата како многу корисен вид на апроксимација. Дискретната фуријеова трансформација ги претвора дискретните вредности (вектор) во Фуриjеови коефициенти. Континуираната фуријеова трансформација го прави истото и со функција.
Во математиката, Фуријеовиот ред ја расчленува периодичната функција во збир едноставни осцилаторни функции, односно во синуси и косинуси. Проучувањето на фуријеовите редови е дел од посебна гранка, т.н. фуријеова анализа. Фуријеовите редови ги воведува Фурије со цел на решавање на термичката равенка во метална плоча. Откритието донесува револуција во математиката, поттикнувајќи ги математичарите да ги преиспитаат самите основи на математиката, давајќи поттик на многу од современите теории. (Н.С.)
22.03.1993 – Intel го пушти во продажба првиот Pentium чип
Првиот Pentium процесор се појави на пазарот, означувајќи нова ера на полето на домашните компјутери. Овој бренд и ден-денес е во понудата на Intel. Архитектурата го носеше кодниот назив Р5, а првите два модели беа со работни тактови од 60 и 66 MHz.
Колку за потсетување, првиот Intel комперцијален микропроцесор – Intel 4004 е произведен 1971 година. (З. И.)