Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 22.3.2021
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 22.03.2021 - 16:00

Во денешниот времеплов ги славиме родендените на американскиот физичар Роберт Миликен и на најдобриот астроном на 15 век, Уланбек. Исто так одбележуваме и два важни настани – почетокот на продажбата на првиот Pentium чип и усвојувањето на Виенската конвенција за заштита на озонскиот слој...

 

22.3. 1868 – Роден е Роберт Миликен

Роберт Миликен (Robert Millikan) е американски физичар, можеби најпознат по неговиот прочуен експеримент со капка масло.

Целта на експериментот била да се измери полнежот на еден електрон. Миликен и Харви Флечер (Harvey Fletcher) испрскале наелектризирани капки масло помеѓу две хоризонтални плочи под напон. Дејството на гравитацијата ги влечело капките масло надолу додека електростатските сили меѓу капките и плочите под напон ги влечеле капките угоре. Бидејќи капките лебделе, физичарите биле во можност да го измерат нивниот пречник и да го пресметаат нивниот волумен. Потоа преку густината на маслото ја одредиле масата на секоја од капките масло.

За да го внесат во пресметката и отпорот на воздухот при падот на капката, тие го прмениле Стоксовиот закон за определување на вискозитетот на флуидите за да го пресметаат отпорот што капката масло го среќава при падот. Оваа сила ја менува привидната тежина на капката при нејзиниот пад низ воздухот. Обете сили може да бидат урамнотежени со пуштање на струја низ паралелните плочи. Електростатската сила која се применува за урамнотежување на овие сили е правопропорционална со полнежот на капката масло.

Познатиот експеримент со капки масло и уредот со којшто тој бил спроведен

Кога овој експеримент ќе се повтори со голем број капки масло сите пресметани полнежи имаат заеднички фактор на една единица од електричниот полнеж односно полнежот на еден единствен електрон. Вредноста на полнежот на електронот што ја пресметала Миликен и Флечер изнесувала 1,5924(17)×10−19 кулони. Денес општоприфатена вредност за полнежот на еден електрон е 1,602176487(40)×10−19 кулони.

Одредувањето на една од фундаменталните константи ќе му ја донесе на Миликен Нобеловата награда за физика во 1923 година, додека мерењата за Флечер ќе значат само стекнување на титулата доктор на науки. (Н. С.)

 

22.03.1993 – Intel го пушти во продажба првиот Pentium чип

Првиот Pentium процесор се појави на пазарот, означувајќи нова ера на полето на домашните компјутери. Овој бренд и ден-денес е во понудата на Intel. Архитектурата го носеше кодниот назив Р5, а првите два модели беа со работни тактови од 60 и 66 MHz.
Колку за потсетување, првиот Intel комперцијален микропроцесор – Intel 4004 е произведен 1971 година. (З. И.)

 

22.3.1394 – Роден е Улугбек

Улугбек бил тимуридски владетел, но истовремено и врвен астроном и математематичар. Неговото вистинско име било Мирза Мохамед Тарагај Бин Шахрух.  Се верува дека зборувал 5 јазици – арапски, персиски, туркиски, монголски и нешто кинески, а освен за науката покажувал голем интерес и за уметноста.

Улугбек веројатно бил најдобриот астроном на неговото време, во неговите астрономски пресметки користел тригонометрија и сферични геометрија во неговите набљудувања и записи. За потребите на неговите астрономски набљудувања тој во периодот од 1424 до 1429 година ќе ја изгради познатата Улугбекова опсерваторија во градот Самарканд, која се смета за една од најдобрите опсерватории во исламскиот свет од тоа време и за најголема во регионот на Централна Азија.

При неговите набљудувања Улугбек ќе открие повеќе грешки во пресметките на славниот александриски астроном од 2 век – Птоломеј, чиишто пресметки сè уште се користеле во тоа време. Ѕвездената мапа, Зиј-и Султани, изработена од Улугбек која мапира 994 ѕвезди е прва нова ѕвездена мапа по онаа на Хипарх од Никеја, создадена повеќе од 10 века пред неа.

Иако под негово водство Туркменското царство ќе доживее културен и научен врв, за жал неговиот научен талент и знаење не биле следени со соодветен талент во сегментот на владеењето. За време на краткиот период од неговото владеење не успеал да наметне авторитарна контрола и моќ во државата. Како последица на тоа Улугбек во 1449 година ќе биде убиен од сопствениот син, а неговата прекрасна опсерваторија за само половина век ќе стане руина. Опсерваторијата ќе биде повторно откриена дури во 1908 година.

Уште еден ‘пех’ е и тоа што неговите научни достигнувања биле запишувани на арапски јазик, па тие ќе останат непрочитани и непознати за индите генерации на астрономи сè до 1665 година кога неговите табели ќе бидат преведени на латински јазик. Но, веќе во тоа време веќе постои едно ново астрономско помагало – телескопот. Телескопските набљудувања ги направиле записите на Улугбек надминати. (Н. С.)

 

22.3.1985 – Усвоена е Виенската конвенција за заштита на озонскиот слој

Договорот почна да се применува од 22 септември 1988 година и беше усвоено дека

примената ќе биде раководена од Програмата за животна средина на ООН. Контролата на супсанции што го уништуваат озонот беше повеќе од неопходна. Намалувањето на озонскиот слој носи штетни последици како од еколошки аспект така и по здравјето на луѓето, поради тоа што се зголемува количината на UV-B зрачење што пристига до површината на Земјата. Како резултат на ова се зголемува појавата на рак на кожа и на катаракта кај луѓето, се намалуваат приносите на растенијата и во рибниот фонд поради негативните влијанија врз копнените и океанските екосистеми, доаѓа до слабеење на имуните системи итн. Последователниот Протокол од Монтреал ќе ги утврди специфичните ограничувања за производството на овие супстанции. (Н. С.)

Клучни зборови:
Роберт Миликен

Роберт Миликен 

Роберт Миликен

Роберт Миликен 

Познатиот експеримент со капки масло

Познатиот експеримент со капки масло

Уредот со којшто Миликен го прави експериментот

Уредот со којшто Миликен го прави експериментот

Првиот Pentium процесор

Првиот Pentium процесор

Портрет на Улугбек

Портрет на Улугбек

Уметнички приказ на Улугбек во неговата опсерваторија

Уметнички приказ на Улугбек во неговата опсерваторија

Опсерваторијата на Улугбек во Самарканд денес

Опсерваторијата на Улугбек во Самарканд денес

Споменик на Улугбек во непосредна близина на опсерваторијата во Самарканд

Споменик на Улугбек во непосредна близина на опсерваторијата во Самарканд

Досега најголемата озонска дупка беше забележана во 2000 година со инструментите за следење на озонскиот слој

Досега најголемата озонска дупка беше забележана во 2000 година со инструментите за следење на озонскиот слој