Емитер 204 - 4/2022.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во оваа статија ќе биде прикажан начинот на изработка и поврзување на еден фотонапонски модул составен од 48 фотонапонски ќелии. Овој модул потоа е поврзан со акумулатор, регулатор на полнење и празнење на акумулаторот и инвертор за добивање наизменична струја и со тоа е добиен минимален фотонапонски систем.
Мојот прв домашно изработен фотонапонски систем се состои од фотонапонски модул од 48 ќелии, акумулатор, регулатор на полнење и празнење на акумулаторот и инвертор за добивање наизменична струја.
Дијаграм на зависноста на моќноста и струјата од напонот на една фотонапонска ќелија. При дадена ирадијација напонот зависи од отпорот на потрошувачот.
Фотонапонскиот модул е изработен со сериско поврзување на 48 фотонапонски (“фотоволтаични”) ќелии со димензии 76x38 mm. Секоја од нив дава напон од 0,5 V во празен од и струја на куса врска од 1,1 A. Овие ќелии всушност претставуваат извори на константна струја, којашто нагло опаѓа при мал електричен товар, односно кога напонот на ќелијата ќе се искачи до 0,5 V. Бидејќи моќноста претставува производ на напонот и струјата, најголемата моќност се постигнува при товар којшто го поднамалува напонот на околу 0,45 V
Фотонапонски ќелии 76 x 38 mm;
Регулатор на полнење PMW 12V/ 24V Auto Switch, Solar Charge Controller или сличен
Инвертор: 12V/ 230Vac/ 30Wmin
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 204 - 4/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.