Здраво ЕМИТЕР,

Имам автомобил Рено Кан­го кој го користам за службени работи. Возилото го купив на старо. Имам еден проблем: пе­да­лата за спојката (ку­плун­г­от) е многу тврда и кога го во­зам возилото преку целиот ден понекогаш ме заболува ле­вата но­га. Дали е тоа нормално или се работи за некаков де­фект? Ако е потребно, ве ин­фор­ми­рам дека ав­то­мобилот има ди­зелски мотор. Ви бла­годарам на одговорот.

Марко Јанковки,

 

Почитуван Марко,

Со вашето возило све е во ред и нема никакви проблеми во однос на спојката (кум­плунг­от). Вашето возило е опремено со сува едно­ламеласта фрик­циона спојка со та­њи­раста пру­жина на притисната плоча. Име­но, дизелските мотори со иста или слична силина како бензинските имаат околу два пати поголем вртежен момент на мо­торот отколку бензинс­ките мотори. Тоа значи дека потребна е околу два пати по­го­лема нормална по­тисна сила врз ламелата за да може таа да го пренесе тој момент. А за тоа е потребна скоро два пати “по­силна” тањираста пружина која се наоѓа во корпата на при­тисната плоча. А како пре­нос­ниот меха­низам (од педалата до притисната плоча) има при­родно ограничен и ист од на педалот од спојката како кај бензинските мотори а заради едноставност отсуствува сер­во­механизам за педалот на спој­ката (засилувач на сила), тоа природно и нормално значи отпорот на педалот од спојката кај вашиот мотор да е околу два пати поголем од колку кај “еквивалентните” бензински мо­тори. Дефинитивно, Вашата спојка (кумплунг) е сосема ис­правна и немате никакви проб­леми со него. Слободно и без­грижно користете си го Вашиот автомобил.

Томе Скендеровски


Почитувани колеги,

Изминатиов период ги пре­лис­тував старите броеви на Еми­тер (од јануари 2002 го­дина до октомври 2010 го­ди­на). Би сакал да ви пос­тавам прашање за кое ми треба ваша помош:

За кои дистрибуции на Ли­нукс оперативниот систем пос­тојат сер­виси преку кои може да се добие едно бесплатно бутабилно CD/DVD на мојата домашна адреса? Ве мо­лам, ако сте во можност, наведете ми ги точните интернет-стра­ници на кои треба да ги ос­та­вам моите податоци.

Како алтернативно реше­ние, од кои интернет-страници можат да се преземаат ISO сли­ки од горе­наведените бутабил­ни CD-а / DVD-а? Во тој случај, јас самиот би сни­мил бутабилно CD / DVD.

Јас лично повеќе ја прет­по­читам првата варијанта, дури и ако треба да чекам за инста­лација на Линукс оперативен систем со не­дели. Во секој слу­чај, втората вари­јанта исто та­ка не е скапа.

Дали некоја од фирмите што склопуваат и продаваат пер­со­нал­ни компјутери, дис­три­буираат и бес­платни бута­билни CD-а / DVD-а? Во тоа би била вклучена и нашата орга­ни­зација Слободен Софтвер.

Однапред ви благодарам за издвоеното време за од­го­вор на ова писмо.

 Со почит,

Филип Георгијев, дипл. ел. инг.

 

Со просто внесување на "linux.iso file" (без наводници) во GOOGLE пребарувач, ќе до­би­ете куп линко­ви, за различни Linux дистрибуции. Зависно од која дистрибуција ја сакате (Kali, Ubuntu, Lite, Mint, Red Hat, SuSe, Fedora), изберете го тој ISO фајл.

Еве еден конкретен линк:

https://www.linuxlookup.com/linux_iso

Белки ова ќе помогне,

Поздрав,

Зоран Ивановски

 

Никој веќе не користи дис­три­бу­ција на софтвер преку CD/DVD. Пластиката не е био-раз­градлива :). Затоа, дури и са­мите произ­во­ди­тели на бренд компјутери, во свои­те стан­дар­д­ни конфигурации не пос­та­ву­ваат CD/DVD погон, до­кол­ку тоа специфично не им е наз­на­чено. Слично е и со скло­пу­ва­ните конфигурации, кои с# по­ретко се добиваат со CD/DVD, ако не побара купувачот. За­ради ова не гледам потреба за бутабилно CD/DVD, туку тре­ба да симнете ISO-фајл и да нап­равите бутабилно USB.

Најдобри дистрибуции за десктоп-компјутери се Ubuntu и Fedora, а ISO-инсталации, може да се најдат на нивните офи­цијални сајтови:

https://ubuntu.com/#download

https://getfedora.org/en/workstation/download/

На нив има и инструкции, како да се направи бутабилно USB (и CD/DVD, доколку мора) или да се упот­реби најчесто користената алатка за креи­рање бутабилни USB драј­вови, Rufus: https://rufus.ie/en/

Александар Бабаков