Тврда педала од спојка

Здраво ЕМИТЕР,

Имам автомобил Рено Кан­го кој го користам за службени работи. Возилото го купив на старо. Имам еден проблем: пе­да­лата за спојката (ку­плун­г­от) е многу тврда и кога го во­зам возилото преку целиот ден понекогаш ме заболува ле­вата но­га. Дали е тоа нормално или се работи за некаков де­фект? Ако е потребно, ве ин­фор­ми­рам дека ав­то­мобилот има ди­зелски мотор. Ви бла­годарам на одговорот.

Марко Јанковки,

 

Почитуван Марко,

Со вашето возило све е во ред и нема никакви проблеми во однос на спојката (кум­плунг­от). Вашето возило е опремено со сува едно­ламеласта фрик­циона спојка со та­њи­раста пру­жина на притисната плоча. Име­но, дизелските мотори со иста или слична силина како бензинските имаат околу два пати поголем вртежен момент на мо­торот отколку бензинс­ките мотори. Тоа значи дека потребна е околу два пати по­го­лема нормална по­тисна сила врз ламелата за да може таа да го пренесе тој момент. А за тоа е потребна скоро два пати “по­силна” тањираста пружина која се наоѓа во корпата на при­тисната плоча. А како пре­нос­ниот меха­низам (од педалата до притисната плоча) има при­родно ограничен и ист од на педалот од спојката како кај бензинските мотори а заради едноставност отсуствува сер­во­механизам за педалот на спој­ката (засилувач на сила), тоа природно и нормално значи отпорот на педалот од спојката кај вашиот мотор да е околу два пати поголем од колку кај “еквивалентните” бензински мо­тори. Дефинитивно, Вашата спојка (кумплунг) е сосема ис­правна и немате никакви проб­леми со него. Слободно и без­грижно користете си го Вашиот автомобил.

Томе Скендеровски