Почитувани колеги,
Изминатиов период ги прелистував старите броеви на Емитер (од јануари 2002 година до октомври 2010 година). Би сакал да ви поставам прашање за кое ми треба ваша помош:
За кои дистрибуции на Линукс оперативниот систем постојат сервиси преку кои може да се добие едно бесплатно бутабилно CD/DVD на мојата домашна адреса? Ве молам, ако сте во можност, наведете ми ги точните интернет-страници на кои треба да ги оставам моите податоци.
Како алтернативно решение, од кои интернет-страници можат да се преземаат ISO слики од горенаведените бутабилни CD-а / DVD-а? Во тој случај, јас самиот би снимил бутабилно CD / DVD.
Јас лично повеќе ја претпочитам првата варијанта, дури и ако треба да чекам за инсталација на Линукс оперативен систем со недели. Во секој случај, втората варијанта исто така не е скапа.
Дали некоја од фирмите што склопуваат и продаваат персонални компјутери, дистрибуираат и бесплатни бутабилни CD-а / DVD-а? Во тоа би била вклучена и нашата организација Слободен Софтвер.
Однапред ви благодарам за издвоеното време за одговор на ова писмо.
Со почит,
Филип Георгијев, дипл. ел. инг.
Со просто внесување на "linux.iso file" (без наводници) во GOOGLE пребарувач, ќе добиете куп линкови, за различни Linux дистрибуции. Зависно од која дистрибуција ја сакате (Kali, Ubuntu, Lite, Mint, Red Hat, SuSe, Fedora), изберете го тој ISO фајл.
Еве еден конкретен линк:
https://www.linuxlookup.com/linux_iso
Белки ова ќе помогне,
Поздрав,
Зоран Ивановски
Никој веќе не користи дистрибуција на софтвер преку CD/DVD. Пластиката не е био-разградлива :). Затоа, дури и самите производители на бренд компјутери, во своите стандардни конфигурации не поставуваат CD/DVD погон, доколку тоа специфично не им е назначено. Слично е и со склопуваните конфигурации, кои с# поретко се добиваат со CD/DVD, ако не побара купувачот. Заради ова не гледам потреба за бутабилно CD/DVD, туку треба да симнете ISO-фајл и да направите бутабилно USB.
Најдобри дистрибуции за десктоп-компјутери се Ubuntu и Fedora, а ISO-инсталации, може да се најдат на нивните официјални сајтови:
https://getfedora.org/en/workstation/download/
На нив има и инструкции, како да се направи бутабилно USB (и CD/DVD, доколку мора) или да се употреби најчесто користената алатка за креирање бутабилни USB драјвови, Rufus: https://rufus.ie/en/
Александар Бабаков