Рубрика: Архитектура и градежништво
Иновативни материјали и системи (2): Нанотехнологија во функција на енергетска ефикасност на згради
Автор: Петар Николовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 204 - 4/2022.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Зголемувањето на изолациските својства на материјалите за топлинска изолација е светски тренд. Најефикасна можност нуди употребата на вакуум. Но, херметизирањето на вакуумот претставува генерален проблем. За решавање на овој проблем постојат различни пристапи: широк спектар на решенија како што се вакуумирани изолациски панели (ВИП), вакуумирани стаклопакети и решенија на микрониво, како што се керамички сфери со затворен вакуум. Додека примената на ВИП е ограничена од фактот што дури и малите повреди на метализираната обвивка што го обезбедува вакуумот го уништуваат изолацискиот ефект на целиот панел, пристапот на микрониво, со керамички сфери, е многу поробустен на локалните повреди со што се добиваат атрактивни изолациски својства во споредба со стандардните изолациски производи.

Како нуспроизвод од вселенската шатл-технологија, GENERAL INDUSTRIES CORP, од Колорадо Спрингс, Ко­лорадо (САД), со помош на инженери од шатл-технологијата, беше најдено ре­шение како оваа информација од все­ленската ера може да се примени во градежниш­твото во форма на премази, за зградите да бидат енергетски по­е­фикасни.

Основни компоненти на ThermoShield

Основната компонента се шупливи керамички микросфери во еластомерни премази, со огромна способност за реф­лексија и дисипација на топлината. Како резултат, добиен е производ со регис­трирано име THERMO-SHIELD. Трите основни компоненти се смола, филер (полнетица) и пигмент (боја).

Клучни зборови:
Основни компоненти на ThermoShield

Основни компоненти на ThermoShield

Изедначена температура во просторија по премачкување со ThermoShield

Изедначена температура во просторија по премачкување со ThermoShield

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 204 - 4/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.