Емитер 204 - 4/2022.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Гитарските педали се многу благодарна област за самоградителите – електронските шеми најчесто се едноставни, цената на деловите не е висока, а задоволството со направениот уред е бесценето! Во овој самоградителски проект ќе го направиме познатиот гитарски педал за овердриве ефект Ibanez Tube Screamer TS808.
Tube Screamer TS808 од Ibanez е најпознатиот и најкористениот overdrive гитарски педал, воопшто. Неговото име доаѓа од фактот дека звучи како „лампашки” засилувач во клипинг. Tоа прекумерно заситување на ламбите звучи многу потопло и помеко од изобличувањето што ќе го добиете при клипинг на засилувач со транзистори. Овој педал, освен дополнителното изобличување, ги нагласува средните фреквенции давајќи повеќе attack на звукот.
Слушнете го Stevie Ray Vaughn и ќе добиете прилично добра замисла за тоновите што можете да ги извлечете од овој педал! Погоден е за блуз и за целиот опсег на рок-музика, додавајќи класичен тон кој се карактеризира со дисторзија слична на лампашката, како и со долго и непречено одржување на тонот. Фреквенцискиот одѕив е приспособен да ги нагласи средните фреквенции, што помага да се задржи звукот на гитарата над општата мешавина од звуци во бендот.
Шемата е релативно едноставна и е лесна за изработка. Колото е дизајнирано во 1979 година од Сусуму Тамура, јапонски инженер кој работи за Nisshin Onpa/Maxon, производител на уредите за Ibanez. Успехот на овој педал се должи на интелигентниот избор на концептот за дисторзирање, во облик на фреквенциски селективен soft clipping добиен преку неинвертирачки операциски засилувач со две антипаралелни диоди во негативната повратна врска, обликуван со два RC-филтра. Педалот има три потенциометри: Overdrive (количина на изобличување), Tone (тонска контрола, најмногу на високите) и Volume (ниво/јачина на излезниот сигнал).
Поради успехот на педалот, во текот на годините објавени се неколку верзии и реизданија (особено е популарна TS9), со мали варијации на колото. Овој проект е фокусиран на првиот дизајн, кој се смета за „најисправен”: Ibanez Tube Screamer TS808.
ИК: JRC4558D (LM833)
Транзистор: 2N3904 (2N5089)
Двополен или трополен ножен преклопник
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 204 - 4/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.