Емитер 7-12/2020.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Гитарските ефекти се незаобиколив дел од модерните музички жанрови, тие сведочат за еволуцијата на уметничката експресија и истовремено за еволуцијата на технологијата. Иако денес со помош на дигиталните процесори може да се измени звукот на електричната гитара да добие секаков звук и боја по желба, аналогните гитарски ефекти-педали сè уште се барани и употребувани од мнозинството гитаристи. Во оваа статија ќе се осврнеме на историјатот на првите електрични гитари и првите гитарски ефекти-педали, а накратко и на видовите гитарски ефекти.
Првите електрични гитари
Во модерните музички жанрови многу често се користи електричната гитара, но ретко кој знае дека тој музички инструмент постои веќе 90 години. Првата целосно разработена идеја за електрична гитара е уште постара - цели 130 години! Тогаш, во 1890 година, на офицерот на американската морнарица George Breed (1864 - 1939) му бил одобрен патентот за пронајдокот „Method of and apparatus for producing musical sounds by electricity”. На сликата 1 е даден дел од неговата патентна пријава, каде е опишан методот на генерирање на сигнал преку потекување на струја низ метална жица и нејзино вибрирање во магнетно поле на еден огромен електромагнет, како и целата конструкција на електричната гитара. Далекусежноста на таа идеја е што во тоа време не постоеле електронски аудио засилувачи – електронската цевка триода ќе биде откриена дури 16 години подоцна, од Lee de Forest! Бидејќи тогаш немало електронски засилувачи, начинот на емитирање звук од оваа електрифицирана (не е електрична!) гитара е чисто акустички – од самото треперење на жицата од гитарата. Но треперењето на жицата не е предизвикано од потегнување на жицата со прст или со перце, туку е генерирано електромагнетно, од Лоренцовата сила! Иако навидум делува дека оваа гитара не се разликува од подоцнежната електрична гитара со single-coil pickup, сепак принципот на работа е поинаков, како и самиот звук (сличен на мандолина), па и начинот на свирење: доволно е само со прст да се притисне металната жица на прагот (fret) и електричното коло се затвора преку жицата и прагот, па тонот веднаш започнува со непрекинат sustain, до моментот кога со кревањето на прстот од жицата се прекинува колото – на оваа гитара може да се свири со двете раце истовремено! Ова повеќе личи на принципот на функционирање на електричните клавијатури, за што всушност има и цртеж на истиот патент, како втора варијанта!
Пред петнаесетина години направена е реплика на оваа гитара (слика 2) од страна на Matthew Hill, John Hall (Rickenbacker) и Brian Flynn (University of Edingburgh), според описот од патентатна пријава на George Breed. Звукот што го дава овој интересен инструмент можете да го чуете на линкот тука
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-12/2020. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.