Рубрика: Електроника
Гитарски ефекти – педали (2)
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1-6/2021.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во минатиот број ја презентирав интересната историја на електричните гитари и почетоците на гитарските ефекти, а овде ќе продолжам со претставувањето на гитарските ефекти од видовите на дисторзиски и модулациски ефекти, кои се најзастапени и најбарани. Во следното, трето и финално продолжение ќе ги опишам ефектите добиени со временско доцнење на сигналот, како и некои други видови ефекти кои не можат да бидат категоризирани во горните групи.

Иако најголемиот број гитарски пе­да­ли се изведени во чиста аналогна електроника, сè повеќе се појавуваат хибридни конструкции со дигитална тех­но­логија што овозможува речиси без­гранични можности, а има и педали кои можат да преземат пресети од вашиот компјутер и да комуницираат со вашиот смартфон преку апликации за управу­вање и нагодување на ефектите. Овде ќе се задржам само на гитарските ефек­ти изведени во аналогна технологија, бидејќи дигиталните технологии само ги клонираат основните аналогни гитарски ефекти, но необременети од ограничу­ва­њата наметнати од аналогната тех­но­логија.

Да повториме од минатиот пат – гитарските ефекти можат да се поделат во четири главни групи:

1. Дисторзиски ефекти – се темелат на дисторзија (изобличување) на сигнал­от: Overdrive, Booster, Distortion и Fuzz.

2. Модулациски ефекти – се темелат на амплитудна или фреквенциска моду­ла­ција на сигналот: Vibrato,Tremolo и Phaser.

3. Ефекти со временскo доцнење – се темелат на доцнење на сигналот: Reverb, Delay, Chorus и Flanger.

4. Останати видови ефекти.

Во ова продолжение ќе ги обработиме првите две групи на гитарски ефекти.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-6/2021. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.