Емитер 204 - 4/2022.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Убава вест за љубителите на малку поинаква аудио опрема. Во јануари оваа година во Скопје во близина на железничката станица се отвори нов дуќан за продажба на аудио засилувачи, исклучиво изработени со електронски цевки, или како што на шега сопственикот знае да каже – “бутик за лампаши”. Сопственик на овој занаетчиски дуќан е Владимир Симеонов, електроинженер од Скопје, познат во музичките кругови како дизајнер и производител на гитарските засилувачи ВЛАД, кои беа доста популарни во првата декада од овој век, поготово кај гитаристите ориентирани на клубски свирки.
“Затоа што и покрај застарената технологија, високата цена и сите останати негативни особини, старата добра електронска цевка, која патем, оваа година “прослави” 118 години постоење, никако да излезе од мода”, вели Владимир. “Слично како и грамофонската плоча. Електронската цевка не се користи само кај гитарските засилувачи, и кај егзотичните хај-фај системи, заради специфичната дисторзија што ја произведува, туку и во студијата за снимање музика. Денес едно музичко студио не се смета за сериозно ако нема микрофони со вградена лампа, потоа компресори, микрофонски предзасилувачи и останати “улепшајзери” за продукција на музика.”
President Audio EL84 Push-Pull
Засилувачите Президент Аудио (President Audio) се изработуваат во Македонија, без користење на печатена плочка (освен напојувачкиот дел), и најчесто користат цевки од постаро производство, заради своите супериорни карактеристики во однос на новопроизведените. Рачната изработка подразбира лемење на сите компоненти директно на лежиштата од цевките заради подобар звук и поголема безбедност заради високите напони присутни во колата. Во моментов во понудата на Президент аудио има 5 стандардни модели, но по нарачка се изработуваат и предзасилувачи и засилувачи, доколку клиентот знае точно што сака и ако се деловите достапни.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 204 - 4/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.