Рубрика: Телекомуникации
Почетоците на радиото на поранешнните југословенски простори (2): Радио Загреб
Автор: Димац Митковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 204 - 4/2022.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Седиштето на радиото и антенскиот систем било во објект на Плоштадот на Св. Марко број 9 во Горни град

Раната историја на радиото на поранешните југословенски простори се случува во времето на постоењето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (СХС), подоцна Кралството Југославија. Формирањето на првите радиостаници било резултат на влијанието на она што во тоа време се случувало во радиотехнологијата во Европа и во светот пошироко.

На 24 март 1924 година, група љубители на радиото (главно радиоаматери и угледни стопанственици) предводени од д-р Отон Кучера (астроном и физичар) го основале радиоклубот Загреб. Еден месец подоцна, радиоклубот почнал да го издава списанието Радио спорт, кое имало битна улога во промо­цијата на радиото во Хрватска. Дотогаш клубот имал 136 члена. Веќе на 14 јуни 1924 година, радиоклубот Загреб пратил барање до Владата на Кралството на СХС во Белград со молба “да им дозволи веднаш да почнат со радиоемитување во Загреб”, наведувајќи дека “финансиските средства за поч­нувањето се обезбедени”. По издавањето концесија на клубот, Владата го одобрила основањето и нацрт-правилата на акцио­нер­ското друштво Радио Загреб.

Во 1933 година, предавателот и антенскиот систем биле преместени на брегот на реката Сава

На 15 мај 1926 година во 20.30 часот за првпат се огласила радиостаницата Загреб преку најавата на спикерката Божена Беговиќ “Ало, ало, овде Радио Загреб”. Била изведена хрват­ската химна (“Лијепа наша”), имал обраќање и директорот Иво Стерн, па можел да се слушне службениот билтен и музика од Бетовен, Хајдн, Шопен, а на крајот и 15 минутни “новости”. Програмата можела да се следи на средна бранова должина од 350 метри (857 KHz) на подрачјето на Загреб и околината и кон крајот на годината имало нешто повеќе од 4 000 прет­платници. Тоа била прва радиостаница во овој дел на Европа. Седиштето на радиото и антенскиот систем биле сместени во објект на Плоштадот Св. Марко број 9, каде што и денес стои спомен-плоча во чест на овој настан.

Клучни зборови:
Седиштето на радиото и антенскиот систем било во објект на Плоштадот на Св. Марко број 9 во Горни град

Седиштето на радиото и антенскиот систем било во објект на Плоштадот на Св. Марко број 9 во Горни град

Во 1933 година, предавателот и антенскиот систем биле преместени на брегот на реката Сава

Во 1933 година, предавателот и антенскиот систем биле преместени на брегот на реката Сава

Ново големо радиско студио (Студио Звонимир Бајсиќ) (18 април 2005)

Ново големо радиско студио (Студио Звонимир Бајсиќ) (18 април 2005)

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 204 - 4/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.