Емитер 204 - 4/2022.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Star Wars – американската епска вселенска опера и мултимедијална франшиза создадена од Џорџ Лукас, започна со истоимениот филм од 1977 година и многу брзо стана светски поп-културен феномен. Франшизата се прошири со повеќе филмови, а навлезе и во други медиуми – телевизиски серии, видеоигри, романи, стрипови, атракции во тематски забавни паркови, сите дел од еден сеопфатен измислен универзум. Во 2020 година, вкупната вредност на франшизата се проценуваше на зашеметувачки 70 милијарди американски долари, а во моментов оваа медиумска франшиза има петта најголема заработка на сите времиња. Во овој напис ви даваме предлог за изработување на класичната видеоигра Star Wars: X-Wing со употреба на Ардуино...
Star Wars: X-Wing претставува серија видеоигри од типот вселенски летачки симулатор со тема од медиумската франшиза Star Wars. Играта го симулира искуството на пилотски вселенски дуели и битки, притoа останувајќи верна на замислениот филмски свет. Играчот ја презема улогата на пилот од Бунтовничкиот сојуз, а во подоцнежните игри и на пилот од Галактичката империја. За успешно да ја завршат играта, играчите мора да комплетираат неколку мисии – едноставни пилотски дуели против спротивната страна, извидувачки и инспекциски задачи, да пружат заштита за товарните или матичните ѕвездени бродови што ги придружуваат, или да извршат напад врз поголеми ѕвездени бродови од спротивставената страна и да ги уништат. Освен што пилотските дуели графички и концептуално наликуваат на летечките дуели на пилотските асови од Првата светска војна, игрите нудат и вистински предизвик за пилотот поради тоа што тој истовремено треба да води сметка и за ресурсите со кои располага – енергија, муниција и слично – но и за неговиот соборец, односно пилот-придружник.
Следејќи ги новите трендови во електрониката и воден од желбата да изработам нешто ново, се одлучив да ја изработам играта во форма на рачна видео конзола која во основа се состои од Arduino Nano, прекинувачки тастер и OLED дисплеј.
Arduino Nano
OLED дисплеј SSD1306
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 204 - 4/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.