Рубрика: Електроника
Интел и Ардуино со развојна плоча за студенти и ученици
Автор: Слободан Таневски
Објавено на 19.10.2015 - 12:13

Корпорацијата Интел, заедно со основачите на Ардуино, го објавија претстојното лансирање на Ардуино 101 (САД) и Генуино 101 (надвор од САД), достапна плоча за учење и развој, идеална за креаторите почетници и образовните средини. Ардуино 101 е првата широко достапна плоча за развивање базирана на малиот, ниско-енергетски Intel Curie модул.
Покрај тоа што е лесен за користење и добро прилагоден за основни вежби за учење, Ардуино 101 може да се користи и како прототип технологија за производи што пресметуваат и се поврзани, благодарение на моќните карактеристики на Интел Кири модулот. Цената е на ниво на “entry-level” микроконтролерите и плочите достапни денес, вклучувајќи акцелерометар, жироскоп и Bluetooth Smart конекција, со цел да се овозможи развој на “паметни“, поврзани уреди.
Плочата се приклучува на редовите на софтвер со отворен код на електронската платформа на Ардуино, која ги комбинира достапните хардвер дизајни, богат екосистем “third-party“ компоненти, како и софтвер за програмирање, што го прави лесен за секој да креира интерактивни проекти.
Најавено е плочата којашто се базира на Интел Кири да биде вклучена како прототип алатка за учесниците на America’s Greatest Makers. Се работи за ново реално шоу во вид на натпревар коешто ќе се емитува на телевизијата Turner Broadcasting и дигиталните платформи во 2016 година, а ќе биде во продукција на Марк Бурнет, извршниот директор на United Artists Media Group.
Ардуино 101 ќе биде инкорпорирана во Creative Technologies in the Classroom (CTC) курсот за физички компјутинг развиен и тестиран од страна на Ардуино којшто во моментов се применува во повеќе од 300 училишта. CTC е првиот курс за физички компјутинг во светот за основни и средни училишта и ги обезбедува едукаторите со алатки, поддршка и доверба потребна за да се воведат студентите во основите на програмирањето, електрониката и механиката. Интел ќе биде во блиска соработка со Ардуино за во наредните години да се донесе CTC програмата во училиштата ширум светот. Ардуино 101 ќе ја негува следната генерација на професионалци во технолошката индустрија, претприемачи и иноватори.
Ардуино 101 ќе биде достапна во првата четвртина од 2016-та со препорачана продажна цена од 30 долари (приближно 27 евра). Плочата изработена од Интел ќе биде во продажба под Ардуино 101 брендот во Соединетите Држави и под брендот Генуино 101 надвор од Соединетите Држави. Ќе биде достапна кај различни дистрибутери и продавачи кај кои можат да се купат и други “Intel maker” и иновативни продукти, како Amazon, Conrad Electronic, Farnell Element 14, Microcenter, Mouser, RadioShack, RS Components и SparkFun.