Емитер 205 - 11/2022.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во овој напис ви нудиме упатства како самите да изработите една одлична Хелиум хотспот антена за надворешна монтажа, со големо засилување. Антената ќе ве чини десет до дваесет пати помалку отколку да купите фабричка антена со слични карактеристики, а освен оваа директна заштеда, ќе ви овозможи и поголемо покривање на околината и, се разбира, побрзо полнење на вашиот криптопаричник...
Ова е една одлична насочена антена за 868 MHz. Лесна е за изработка, а перформансите и се фантастични, особено ако местото каде се поставува Хелиум-хотспотот е на периферија од град кон кој ќе се насочи антената. Во таков случај резултатот е далеку подобар отколку да се употреби антена со кружен дијаграм на зрачење, односно прием. Со BiQuad антената ќе се добие поголем сигнал во саканата област на покривање на LoRaWAN хотспотот, многу повеќе witness и rewards.
BiQUAD-антена изработена со правоаголен рефлектор од поцинкуван лим
Антената се состои од елемент изработен од месингена електрода со дијаметар од 2,5mm, свиткан во форма на двоен квадрат (Bi-QUAD), поставен пред една поголема рамна метална површина која служи како рефлектор на радиобрановите емитувани од Bi-Quad-елементот. Одбрав тоа да биде месингена електрода, затоа што е евтина и ја има во секоја продавница за железарија.
Дијаграм на зрачење на антената (поглед одозгора)
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 205 - 11/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.