Рубрика: Телекомуникации
Антена за 2,4 GHz / 10 GHz за работа преку сателитот QO-100
Автор: Дејан Трајковски, Z31RQ
Објавено на 20.09.2024 - 10:00

Поглед на фидот пред параболичниот рефлектор. Месинганата плоча е рефлекторот од планарната антена за 2,4 GHz, што се наоѓа во фокусот на параболичниот рефлектор.

Завршена и тестирана е новата комбинирана примопредавателна антена за 2,4 GHz / 10 GHz за работа преку сателитот Es'Hail QO-100, што се наоѓа во геостационарна орбита, на 35.786 km над екваторот. За работа преку овој сателит прв пат беше објавено во „Емитер“ во написот "Прва македонска радиоаматерска станица опремена за работа преку сателит", а таму може да се види и старата антена.

Направено е подобрување во делот на фидот - илуминаторот, кој сега 1.) зрачи со кружна поларизација на 2,4 GHz, прецизно поставен во офсет-фокусот на параболичниот рефлектор и 2.) изместувањето на влезот од приемниот брановод за 10 GHz од фокусот е компензирано со диелектрична леќа и така е избегнат падот на засилувањето поради дефокусираност.

Поглед на фидот пред параболичниот рефлектор. Месинганата плоча е рефлекторот од планарната антена за 2,4 GHz, што се наоѓа во фокусот на параболичниот рефлектор. Приемниот LNB даунконвертер за 10 GHz е изместен во фокусот и се напојува преку бакарната цевка - брановод, која што има диелектрична леќа (тефлон) испуштена малку пред планарната антена, во насока на параболичниот рефлектор (не се гледа на сликата)

Предавателната антена всушност е POTY планарна антена со леворачна кружна поларизација (Left-Hand Circular Polarization - LHCP), која по рефлексијата од параболичниот рефлектор преминува во деснорачна кружна поларизација (RHCP), како што бара сателитот за прием. Со тоа е добиено подобрување, т.е. засилување од 3 dB, односно двојно повеќе во однос на поранешниот илуминатор со линеарна поларизација (5 елементна Јаги антена). Всушност, засилувањето е практично уште поголемо, околу 5 dB, бидејќи стариот илуминатор не беше поставен точно во фокусот.

Приемната антена се состои од диелектрична леќа (белиот конус), која најпрво врши фокусирање на брановите коишто не се фокусираат точно во фокусот (приемната леќа е изместена заради предавателната антена), а потоа ги спроведува во краткиот брановод од кружна бакарна цевка, кој влегува директно во грлото на брановодот во внатрешноста на LNB даунконверторот за 10 GHz. Опис на деловите од POTY антената има кај третата слика подолу.

Делови на POTY фидот: 1 - диелектрична леќа за прием на 10 GHz сигнали; 2 - планарна антена за 2,4 GHz; 3 - точка на напојување на планарната антена. Местото е критично за остварување на кружна поларизација; 4 - брановод од бакарна цевка за 10 GHz. Влегува во грлото на брановодот од самиот LNB (зад црвениот капак); 5 - LNB (Low-noise block) даунконвертер за 10 GHz; 6 - адаптер (прстен за монтажа) на стандарден држач со дијаметар од 40 mm; 7 - SMA конектор за приклучок на напојниот кабел од предавателот за 2,4 GHz; 8 - F конектор за излез на прва меѓуфреквенција (739 MHz), кон SDR приемникот. 

При практична работа антената се покажа одлично (како што се слуша од видеото), односно со предавателна моќност од 2 W на 2,4 GHz, сигналот од даунлинкот на сателитот е приближно подеднакво силен со сигналот од биконот (радио фарот) на самиот сателит (AMSAT не ни дозволува посилни сигнали од биконот). При пробите сигналот беше посилен од сигналите на сите 5 станици со кои денеска одржав врски.

Со оптимиран фид сега можат да се прават планови и за дигитална телевизија (DATV) преку сателит, за што ќе треба прилично работа, пред сé многу посилен предавател и модулатор/демодулатор за DATV.

Аудио снимка од мјот сигнал преку транспондерот на сателитот QO-100. На спектрограмот се гледа дека мојот сигнал (десниот шилец) еднакво силен, па дури и малку посилен, од сигналот на биконот на сателитот. Поради кружната поларизација нема апсолутно никаков фединг (слабеење) поради ротација на поларизацијата.

Клучни зборови:
Поглед на фидот пред параболичниот рефлектор. Месинганата плоча е рефлекторот од планарната антена за 2,4 GHz, што се наоѓа во фокусот на параболичниот рефлектор.

Поглед на фидот пред параболичниот рефлектор. Месинганата плоча е рефлекторот од планарната антена за 2,4 GHz, што се наоѓа во фокусот на параболичниот рефлектор.
Приемниот LNB даунконвертер за 10 GHz е изместен во фокусот и се напојува преку бакарната цевка - брановод, која што има диелектрична леќа (тефлон) испуштена малку пред планарната антена, во насока на параболичниот рефлектор (не се гледа на сликата)

Делови на POTY фидот.
1 - диелектрична леќа за прием на 10 GHz сигнали
2 - планарна антена за 2,4 GHz
3 - точка на напојување на планарната антена. Местото е критично за остварување на кружна поларизација
4 - брановод од бакарна цевка за 10 GHz. Влегува во грлото на брановодот од самиот LNB (зад црвениот капак)
5 - LNB (Low-noise block) даунконвертер за 10 GHz
6 - адаптер (прстен за монтажа) на стандарден држач со дијаметар од 40 mm
7 - SMA конектор за приклучок на напојниот кабел од предавателот за 2,4 GHz
8 - F конектор за излез на прва меѓуфреквенција (739 MHz), кон SDR приемникот.