Рубрика: Омнибус
Посета на Музејот на индустриско и технолошко наследство во Научно-технолошкиот парк Ниш
Автор: Горан Џамбазов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 205 - 11/2022.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Музејот на индустриско и технолошко наследство, кој е во склоп на Научно-технолошкиот парк Ниш, беше официјално отворен во јуни 2021-та година, на првата годишнина од постоењето на Научно-технолошкиот парк. Во музејот има над 400 експонати, од кои најважните биле одбрани за првата поставка именувана како „Заводи РР / ЕИ – Корени на напред­ните технологии”. Ова е прва изложба на овој музеј и е резултат на повеќегодишната посветеност и ангажман на членовите на Здружението за грижа за индустриското наслед­ство и промоција на напредни технологии ПРОМО ИБиНТ од Ниш. По подолго планирање и неколку одложувања, пред извесно време конечно го посетив овој музеј и можев лично да ја видам оваа уникатна колекција. Ова е краток напис за создавањето на овој музеј и експонатите што може да се видат на изложбата.

MELOS RG - радиоприемник со грамофон (1974), ZENIT - радиоприемник сo електронски часовник (1978), HSR 48 - Hi‐Fi стерео радио-приемник со засилувач со излезна моќност 2x18W (1972), Reporter - касетен магнетофон (1971) и преносни транзисторски приемници

RR 810 - Првиот сериски произведен црно-бел телевизор од 1959-та година (лево) и компјутерот ПЕКОМ 64 од 1985-та година, со процесор CPD 1802B 5V7 на 5 MHz и 36KB работна меморија (десно)

Здружението ПРОМО ИБиНТ било регистрирано во 2017-та година, но неговото постоење всушност започнало уште во 2015-та година, кога на иницијатива на проф. д-р Братислав Миловановиќ, се собрала група на луѓе ентузијасти, кои на различни начини биле вклучени во создавањето и развојот на индустрискиот гигант Еи Ниш. Целта била, со организирано собирање на производи, компоненти и уреди на Еи Ниш, да ги сочуваат од заборав достигнувањата на нишките инженери и техничари, по кои Ниш со право го носел препознатливото име: Ниш – Град на електрониката. Ваквото име за градот и мотивацијата на членовите за овој потфат се сосема разбир­ливи, со оглед на тоа дека во шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век, Еи Ниш важеше за лидер на електрон­ската индустрија во Југославија и на Балканот и беше партнер на водечки светски компании. Од фабриките на Еи Ниш, во кои беа вработени неколку десетици илјади работници, излегуваа производи кои беа познати и признати и на светскиот пазар.

Откако ќе го прочитате написот во ова издание на ЕМИТЕР, кликнете тука ако сте заинтересирани за виртуелна посета на Научно-технолошкиот парк Ниш.

Клучни зборови:
Радиоприемници со електронски цевки

Радиоприемници со електронски цевки

MELOS RG - радиоприемник со грамофон (1974), ZENIT - радиоприемник сo електронски часовник (1978), HSR 48 - Hi‐Fi стерео радио-приемник со засилувач со излезна моќност 2x18W (1972), Reporter - касетен магнетофон (1971) и преносни транзисторски приемници

MELOS RG - радиоприемник со грамофон (1974), ZENIT - радиоприемник сo електронски часовник (1978), HSR 48 - Hi‐Fi стерео радио-приемник со засилувач со излезна моќност 2x18W (1972), Reporter - касетен магнетофон (1971) и преносни транзисторски приемници

RR 810 - Првиот сериски произведен црно-бел телевизор од 1959-та година

RR 810 - Првиот сериски произведен црно-бел телевизор од 1959-та година

Компјутерот ПЕКОМ 64 од 1985-та година, со процесор CPD 1802B 5V7 на 5 MHz и 36KB работна меморија

Компјутерот ПЕКОМ 64 од 1985-та година, со процесор CPD 1802B 5V7 на 5 MHz и 36KB работна меморија

TE3d4R - броило на електрична енергија (1978) и US-10 MC - часовник за преклопување на тарифи (1978)

TE3d4R - броило на електрична енергија (1978) и US-10 MC - часовник за преклопување на тарифи (1978)

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 205 - 11/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.