Емитер 205 - 11/2022.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Најнапред да го лоцираме проблемот – во овој текст ќе зборуваме за погонот на разводниот механизам кај моторите со внатрешно согорување (мотори СВС). Најнапред се нурнуваме во историјата и развојот на овие механизми, а потоа ќе ги нотираме основните решенија, принципиелно ќе ги објасниме и ќе споменеме некои проектантски и конструктивни дилеми и особености...
Во почетокот брегастото вратило било конструктивно сместено непосредно до коленестото вратило во блокот на моторот и преносот на силината од коленестото вратило бил решен едноставно, трајно и економично. Од моторот не се барало многу, како екологија, силина и слично, и тоа решение било оптимално во тоа време. Тоа најчесто се правело со запчест пар и било доживотно, т.е. трајно решение. Поретко се користел ланецот којшто бил евтино решение, но барал повремена замена, со оглед на тоа дека се троши и му се наголемува должината. Се користеле многу кратки ланци.
Но, развојот на моторот во насока на економичност и истиснување на голема силина од мал волумен (што фактички е исто) изискува сместување на брегастото вратило во главата на моторот. Тоа практично значи дека од меѓуоскино растојание помеѓу брегастото и коленестото вратило од околу 100 до 150 mm се преминало на меѓуоскино растојание од околу 500 до 600 mm. И тука сега се јавуваат сите проблеми. Некои од нив се следните: како да се премости тоа големо растојание, кој начин на пренос на силината е најевтин за производство, кој начин на пренос на силината е најтраен, т.е. бара минимум одржување, кој начин на пренос на силината е најпрецизен по непреченото и оптимално функционирање на моторот итн. Прашања безброј а одговори малку, и ни малку чисти и прецизни. Нема единствен одговор за тоа кое решение е најдобро и секоја фирма си форсира свое решение и филозофија детерминирана од многу фактори, како цена на чинење, трошоци на одржување, дали се работи за спортски или за обичен (туристички) мотор како погон на автомобилот, надежност, престиж и друго.
Стандардна конфигурација на погон на разводен механизам од мотор СВС со ланец. Ова решение е редовно застапено кај денешниве автомобили.
Во продолжение ќе ги нотирам основните решенија, принципиелно ќе ги објаснам и ќе споменам некои проектантски и конструктивни дилеми и особености.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 205 - 11/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.