Емитер 205 - 11/2022.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Се верува дека најстариот познат марсовски метеорит е фрагмент од исконската кора на Црвената планета. Истражувачите штотуку го идентификуваа кратерот од кадешто потекнува овој метеорит.
Земјата постојано е бомбардирана од метеорити. Голем дел од нив согоруваат уште при влегувањето во атмосферата, но некои од нив стигнуваат до површината. Токму тие нудат редок прозорец со поглед кон геолошкото минато на Сончевиот систем. Повеќето од овие објекти доаѓаат од астероидниот појас, сместен помеѓу Марс и Јупитер, но и од уште подалеку. Некои од нив, пак, доаѓаат од нашето непосредно соседство, од Месечината, или од малку подалечното соседство, од Марс. Последново е случајот со метеоритот со ознака NWA 7034, познат по прекарот Црната убавина (Black Beauty). Се работи за најстариот марсовски метеорит, чиишто фрагменти беа откриени во Мароко во 2011 и 2012 година. Анализата на неговиот состав открива елементи од геолошката историја на црвената планета. Но, оваа информација беше досега нецелосна сè дури не ја знаевме точната локација на површината на Марс од кадешто потекнуваат овие “камења”. Ентони Лагаин од Универзитетот Куртин, Австралија, и неговите колеги успеаја да го допрецизираат потеклото на Црната убавина. Деталите за како тоа им појде од рака се дадени во продолжение на написов...
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 205 - 11/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.