Емитер 205 - 11/2022.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Криминалниот акт може да се изврши на кој било компјутер поврзан во локалната или светската мрежа. Но, штом хакерите бидат откриени, ред е на истражителите да обезбедат посредни реални докази за стореното дело. Светската судска практика ги прифаќа компјутерски генерираните и компјутерски меморираните докази под соодветно дефинирани услови, а најтешко е да се добие таканаречен дигитален доказ без пукнатини, цврст доказ кој ги покрива сите објаснувања и заклучоци...
Дигиталниот компјутерски доказ се состои од множество на посредни реални докази, од кои ниту еден не смее да се исклучи поради која било причина. Доказите мораат да бидат потполни, меѓусебно да се потполнуваат (да се испреплетени) и да ја немаат таканаречената пукнатина за донесување на заклучок, односно за утврдување на цврст доказ.
Криминалниот акт може да се изврши на кој било компјутер поврзан во локална или светска мрежа независно од неговата географска положба. Исто така компјутерот-напаѓач географски може да биде лоциран во која било точка од земјината топка. Парот нападнат компјутер – напаѓачки компјутер може да биде во границите на една држава или, пак, субјектите да бидат сместени во различни држави. Па така форензичарите честопати се приморани да собираат дигитални докази во едни држави, а да ги прикажуваат на суд во други држави. Самиот тој факт налага да се воведат одредени правила за прибавување, дистрибуција и презентација на дигиталните докази кои ќе се релевантни за сите држави. Во таа насока, IOCE ги дефинира општите принципи за хармонизација на методите и на праксата при работата со дигитални докази меѓу народите, кои гарантираат прифатливост на дигиталните докази во една земја, ако тие се собрани во друга земја.
Најтешко е да се добие таканаречен дигитален доказ без пукнатини, доказ кој ги покрива сите објаснувања и заклучоци. Во текот на изградбата на цврсти (несоборливи) докази се утврдува: што навистина се случило, што е изгубено, колкав е износот на штетата и дали навистина се случил криминалниот акт. Притоа мора да се задржи потполна објективност.
Овој напис, кој во целост е објавен во Емитер 205, е извадок од книгата “Дигитална форензика - методика на истражување на електронски криминал” од авторите: д-р Ристо Христов, д-р Анис Сефиданис, м-р Зорица Каевиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 205 - 11/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.