Емитер 205 - 11/2022.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Последниве години продукцијата на СФ доживеа невидени размери. Знам, знам ЕМИТЕР е сепак едно од најугледните научни списанија кај нас и кога е во прашање научната фатастика, акцентот е ставен на научна... Но, јас сум вејка на ветрот. Немам време за драми од реалниот живот (изгледа оти доволно серии и филмови изнагледав и сведочев со мојата емисија), па така фантастиката – колку побизарана и поодлепена, дотолку ми е попривлечна. Сепак, за вам почитувани љубители на науката, веднаш на почетокот да ви ја препорачам серијата на ЕПЛ+, “ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВОТО” – For All Mankind.
Вака, прекубројноста на интересни ем добри СФ филмови и серии е толкава што бара не пишанка туку логореја во живо, подкаст од 120 минути без пауза и нема да се доискажам, но правам компромис за читателската публика која е понаклонета кон научното одошто кон фантастиката, затоа повторно за погоре спомнатата серијата.
Ронлд Д. Мур е еден од креаторите, човекот кој стои зад куп проекти на Стар Трек, но и на првата СФ серија која ги издигна границите и нормите над сè дотогаш видено – Бетлстар Галактика – секако, втората инкарнација, да не се лажеме – ремек дело! Така и оваа серија, за која Дизни плус фрли фургони пари, ја направи филмски во актерски и кинематографски смисол, не наликува на серија туку на филм... но, некако чуден игран филм, како да е базиран на докуметарни. Имено, овде и нема фантазија, засега 90% е наука (јееј за вас нердови), а останатото е алтернативна историја, како, на пример, во “Човек во високиот замок” на Хаксли. Да, не смеете да пропуштите ова ни за жива глава, како една од најамбициозните серии досега. Наука, наука, наука, али многу и ЛГБТ, црнечки права, геј, итн., итн. – она што е денес медиумски тренд, па се голта, стиснеш заби и гледај како русите први слетале на Месечината, па америте се потат како први до Марс, оти политички ни тогаш ни сега не било за добро на човештвото ниту просперитет на науката, туку и за политички чалам, кој е појак, на кој му е поголем... ракетодромот, накратко – најтопло препорачливо, со одлична драма, сценарио, ликови, секако и неизбежната јуесеј пропаганда.
Ако чекавте сувопарна рецензија, демек професионална, молам земете си дезифициенс, оти тоа не сум ниту сум некогаш бил, а ако ви се слоши, па Драмамин препорачувам. А сега, мојот себичен избор на секаква можна СФ-жанровска серија и филмови кои просто се лектира за овој милениум.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 205 - 11/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.