Емитер 205 - 11/2022.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Лесно може да се најдат шеми за голем број на ФМ модулатори / предаватели што може да ви послужат за радиоемитување на моно сигнал, но тешко е да се најде едноставен стерео кодер со добри перформанси. Овој стерео кодер ги исполнува и двата услова – едноставност и висок квалитет на звукот, во што ќе се уверите и вие ако го изработите.
Стереокодерот чија самоградба ќе ја прикажеме во оваа статија, е објавен во далечната 1983 година во јануарскиот број на холандското списание Free Radio Magazine (FRM). Тој е проект на инженерот Алфред Дебелс (Alfred Debels), во соработка со инженерот Иво Матман (Ivo Maatman), кој ја направил пресметката на филтрите. Во овие речиси 4 децении изработуван е од мнозина електроничари и радиоаматери со различна успешност, а неуспешните конструкции главно биле поради штурите објаснувања за изработка и нагодување и тоа на холандски јазик. Сега со нашите детални објаснувања успешната самоградба на овој стерео кодер е сосема извесна.
Изработениот стерео кодер
Што е стерео кодер?
Во почетокот на развојот на радиопреносот ФМ радиопрограмите се пренесувале како моно, но подоцна се јавила потреба од стерео пренесување на програмите со цел да се долови просторната распределба на звучните извори. Во почетните моменти од воведување на стерео радиодифузијата основниот проблем бил компатибилноста, т.е. потребата постоечките моно ФМ радиоприемници да можат да ги примаат и стерео програмите, само што на својот излез ќе репродуцираат моно верзија на стерео содржината, но и обратно – новите стерео радиоприемници кога ќе примат сигнал од монофонски радиопредавател да може да го репродуцираат, се разбира како монофонски. Овој проблем е решен така што при стерео преносот нема да се пренесуваат одделно аудио сигналите од левиот L (Left) и десниот канал R (Right), туку ќе се пренесуваат сигналот L+R кој се наоѓа во основниот опсег од 30Hz-15kHz преку кој би се пренесувала монофонска информација и дополнително сигналот L–R кој се наоѓа во опсег од 23kHz-53kHz кој е модулиран со помошен носител од 38kHz и носи стерео информација (информација за разликите помеѓу двата канали). Со тоа се обезбедува моно сигнал L+R за монофонските радиоприемници, но и дополнителан сигнал L–R со помош на кој стерео радиоприменците ќе можат да ги издвојат двата сигнала посебно (лев и десен) за стерео репродукција.
Изработениот стерео кодер сместен во кутија заедно со напојувањето и 3-ватниот ФМ радипредавател од Емитер 12/2005
Прикажаниот стерео кодер е прилично едноставен, но во споредба со неколку други кои ги имам изработено, дава најдобар звук. Внимавајте на изборот на елементите, изработаката и нагодувањата и вие ќе се уверите во тоа. Пробајте со различни операциски засилувачи бидејќи и тие значајно влијаат на звукот кој ќе го добиете. Јас најдобар звук добив со LF356, иако кај него нема да имате можност за нагодување на офсетот. Звукот е масивен и моќен, басот е цврст, високите фреквенции јасни, а вокалот чист и моќен, се слушаат и слабите пратечки вокали од позадина.
Направате го овој стерео кодер и уживајте во звукот што со помош на мал радиопредавател безжично ќе го пренесувате низ вашиот стан и двор.
Пилот тон: синусен со THD<11%
Точност на пилот тонот: 19kHz ± 8Hz (ненагоден)
Преемфазис: 50µs
Филтрирање на пилот тонот од 19kHz: –20dB
Однос сигнал/шум (SNR): >70dB
Потиснување на помошниот носител од 38kHz: >40dB
Потиснување на сигналот над 53kHz: >19dB
Раздвојување на каналите: >40dB
ИК:74LS00, 74LS390, CD4027, CD4066, LM741 (LF356, TL081, TL071, LM318...);
Калеми: 33mH и 18mH со феритно јадро;
Кристал: 7,6MHz
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 205 - 11/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.