Емитер 205 - 11/2022.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Летните горештини беа како создадени за седење дома и работа во работилница. Неодамна го завршив мојот четврти проект на полето на микробрановата електроника, примопредавател за 915, 1296 и 2304 MHz, односно за појасите (бандовите) 33, 23 и 13 cm. На овие „егзотични” UHF дијапазони досега не постоеше никаква активност во нашата земја, па со овие две нови самоградби, кои ги испробавме во реални услови со одржување двонасочни телеграфски врски, за прв пат во нашата земја ги освоивме и овие бандови. За самите уреди и антените ќе стане збор малку подоцна.
Првата радио врска на 1296 MHz (на бранова должина 23 cm) ја одржавме јас, Z31RQ и Ник, Z32TW, работејќи од портабл, премостувајќи растојание од 16,75 km помеѓу ридот кај манастирот „Св. Илија”, близу битолското село Крклино (грид локатор KN01pb86, на 750 m н.в., оператор Z32TW/P) и неименувана локација помеѓу селата Мегленци и Арматуш, од спротивната страна на Пелагонија, во подножјето од Селечка Планина (грид локатор KN01sc21, на 715 m н.в., оператор Z31RQ/P). Датум и време на врската: 08.10.2022 година во 18 часот и 25 минути. Фреквенција: 1296,050 MHz, вид на емисија и начин на работа: немодулирана морзеова телеграфија (А1А).
Трасата на радио врската прикажана на мапа.
Веднаш потоа, во 18 часот и 45 минути, веќе во целосна темница, одржавме радио врска и на слободниот, нелиценциран банд 915 MHz (33 cm подрачје), исто така со немодулирана телеграфија. Поради темницата, но и поради опасноста од кучиња кои веќе завиваа од депонијата кај Мегленци, не одржавме и двострана врска на 2304 MHz (13 cm подрачје), па оваа задача останува за следната проба, иако уредите се испитани во лабораториски услови на мало растојание.
Уредите на мојата портабл локација. Горе десно - примопредавателот, со кабел што води кон антената. Горе лево - акумулаторот. Под него (малата црна кутија) - SDR приемникот (телефонот што се користи како терминал не е приклучен). На земјата - електронски мемориски тастер и рачки за електронскиот тастер. Испраќав телеграфија со тастерот на колено, како во војска.
Звукот од воспоставената CW врска на фреквенција од 1296 MHz
Звукот од воспоставената CW врска на фреквенција од 915 MHz
Уредите на мојата портабл локација. Горе десно - примопредавателот, со кабел што води кон антената. Горе лево - акумулаторот. Под него (малата црна кутија) - SDR приемникот (телефонот што се користи како терминал не е приклучен). На земјата - електронски мемориски тастер и рач¬ки за електронскиот тастер. Испраќав телеграфија со тастерот на колено, како во војска.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 205 - 11/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.