Емитер 205 - 11/2022.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Несомнено плутата е дар од природата за човекот. широк е дијапазонот на области во кои плутата е навлезена. како производ добиен од дрвото плута даб, ја чини уникатна, како неисцрплив природен ресурс, голем пријател на човекот во зачувување на животната средина, пред сè поради енормно големо количество апсорпција на CO2 во текот на животниот век на дрвото, но исто така и во заштеда на енергија кога производите од плута се употребуваат како изолациски материјали во градежните објекти.
Несомнено плутата е дар од природата за човекот. Широк е дијапазонот на области во кои плутата е навлезена, како што се модата (дамски чевли, накит, чанти, гардероба), дизајнот и внатрешната архитектура (ѕидни и подни облоги, светилки, разни украсни предмети), здравјето (деривати од дрвото плута даб како суровина во фармацеутска индустрија), производството на вино (незаменливи затворачи на шишиња – тапи), производството на енергија, авионската и авто индустријата итн.
Имајќи го предвид сето ова, плутата како производ добиен од дрвото плута даб, ја чини уникатна, како неисцрплив природен ресурс, голем пријател на човекот во зачувување на животната средина, пред сè поради енормно големо количество апсорпција на CO2 во текот на животниот век на дрвото, но исто така и во заштеда на енергија кога производите од плута се употребуваат како изолациски материјали во градежните објекти. Не постои градежна конструкција во која плутата не може да се употреби како мерка за топлинска, звучна и антивибрациска изолација.
Стабилизација на излупената кора (лево) и клеточна микроструктура на плутата (десно)
Изолациските својства на плутата се должат на фактот што минијатурните клетки, од кои таа се состои, се исполнети со воздух. Овие клетки се многу помали од клетките на други вообичаени материјали, факт кој придонесува да се потврдат исклучителните изолациски својства на плутата.
Плутата не го поддржува горењето но само полека јагленисува кога е изложена на пламен. За разлика од некои синтетички изолациски материјали, при горењето плутата не емитира хлориди, цијаниди или други токсични гасови. Благодарение на топлинските и слабите горивни својства на плутата, дрвјата плута даб се повеќе огноотпорни од другите дрвја. Бавното согорување на плутата е причина што при природниот пожар во шумите, дрвјата плута даб го забавуваат ширењето на пожарот, формирајќи противпожарна бариера.
Плутата како фасаден финиш во едно современо архитектонско решение
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 205 - 11/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.