Емитер 205 - 11/2022.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Валтер АГ е основана во 1919 година и е една од светските водечки компании за режење на метали во областа на алатничарството (tooling). Како испорачувач на специјализирани решенија за машинска обработка, Валтер нуди широк спектар на прецизни алати за глодање, стругање, дупчење и изработка на навои.
Разговараме со Фатих Челик, раководител на одделот за продажба за регионот на Централна и Источна Европа ВАЛТЕР АГ - Германија и Матеј Рамшак, извршен директор, Валтер Тулс д.о.о. (Walter Tools d.o.o.), Словенија
Валтер е еден од светските водечки производители на прецизни алатки за машинска обработка на метал. Со околу 3300 вработени, компанијата со седиште во Тибинген има свои клиенти во повеќе од 80 земји во светот. Меѓу клиентите на Валтер се вбројуваат и реномирани компании од секторот за општа изградба на постројки и машинство, автомобилската и енергетската индустрија, како и воздухопловната и вселенската индустрија.
“Имаме мешовита бизнис-ситуација во регионот на Централна и Источна Европа. Од една страна, војната во Украина предизвика многу промени во нашите планови за регионот, заедно со прекините во синџирот на снабдување на голем дел од нашите клиенти. Ова, комбинирано со зголемувањето на цените на енергијата и инфлаторното опкружување, воопшто не ни помага ниту нам ниту на нашите клиенти одново да го стартуваме моторот на индустриското производство по пандемијата, до претходните нивоа. Од друга страна, сведоци сме на поголема побарувачка за зголемување на продуктивноста поради зголемување на нивото на производство во енергетиката и општата инженерска индустрија, каде што нудиме извонредни решенија за предизвиците на нашите клиенти.” – Фатих Челик, раководител на одделот за продажба за регионот на Централна и Источна Европа ВАЛТЕР АГ, Германија
“Поради моменталната геополитичка ситуација, најголем економски потенцијал гледаме во Словенија, Бугарија и во Србија. Инаку, нашите деловни партнери знаат дека ги имаме во фокусот, без оглед на земјата во која се наоѓаат. Еден од предизвиците е никогаш да не престанеме да ги истражуваме можностите.
И покрај тоа што Македонија е мала земја, индустријата во последните неколку години почнува да се развива сериозно и, секако, со тоа и барањата за нови решенија на полето на алатите за машинска обработка. Би сакал да напоменам дека нашиот Канал Партнер, компанијата ВАТИНГ ДООЕЛ Скопје, чиј директор е Димитар Жаков, прави сериозни напори со своите колеги да го промени погледот и ставот на клиентите кон помодерен начин на работа и користење на новите технологии, за што јас би сакал да изразам благодарност во оваа пригода, со силна верба за нашата многу добра соработка и во иднина.” – Матеј Рамшак, извршен директор, Валтер Тулс д.о.о. (Walter Tools d.o.o.), Словенија
Интервјуто во целост може да го прочитате во електронското и печатеното издание на списанието ЕМИТЕР
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 205 - 11/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.