Рубрика: Аудио и видеотехника
Телевизиски системи во NDI изведба и далечинска контрола
Автор: Милчо Узунов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 205 - 11/2022.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Развојот на видеокомпресиите овозможи нови изведби кај телевизиските системи. NDI протоколот го поедностави меѓусебното поврзување на аудиовизуелните уреди и даде можност за нивна употреба во продукцијата на големи растојанија, таканаречената „далечинска продукција” (Remote Production).

Дополнителен метод со кој може да се постигне оптимизација во однос на сиг­налната инфраструктура во те­ле­визис­ките системи е применувањето на NDI (Network Device Interface) протоколот за менаџирање на видеосигналот. Всуш­ност, станува збор за транспорт на ви­де­о­­сигналот во NDI формат, кој се бази­ра на користење IP (Internet Protocol) низ кла­сичните компјутерски мрежни системи.

Блок-дијаграм на класичен систем за контрола на студиски камери

NDI начинот за пренос на ви­де­о­сигналот се појавува во 2015 година, како патент на познатиот американски производител на професионална теле­визиска опрема (Broadcast TV Equipment) NewTek, презентиран на IBC 2015 (International Broadcast Conference) во Ам­стер­дам – Холандија. Првиот уред кој го користеше овој протокол е NewTek – TriCaster, видеосвичер (миксер) кој функ­ци­онира на софтверска платформа инс­та­ли­рана на компјутерска единица. NDI начинот за пренос на дигиталниот видео­сигнал користи посебна софистицирана компресија на видеосигналот што овоз­мо­жува транспорт на сигналот со висок квалитет. Согледувајќи го големиот по­тенцијал на NDI преносот, подоцна, во 2016 година, голем број останати ком­пании го прифатија и го имплементираа овој протокол во своите аудиовизуелни уреди за професионално (Broadcast) ко­рис­тење во телевизиските системи.

Блок-дијаграм на систем за далечинска контрола на студиски камери

Овој начин на меѓусебно поврзување на аудиовизуелните уреди дава значи­те­лен финансиски бенефит при изведбата на телевизиските системи. Цената и инсталацијата на мрежните компјутер­ски спроводници (кабли) е значително по­ниска во споредба со ко­ак­сијалните HD спроводници (кабли). Најголемото поед­ноставување е, всуш­ност, избег­ну­ва­њето на уредите за дис­три­буција и прена­сочу­вање на видео­сигналот, од­нос­но избег­нување на ви­део­матриците. Покрај висо­ката цена, тие имаат и ком­плекс­на инс­талација, земајќи предвид дека речиси сите ви­део­сигнали треба да се приклучат во неа. Мрежната инфра­струк­тура пак исто така може да се ре­а­лизира на по­веќе леери (нивоа), со што користејќи ги неј­зи­ните можности, сепа­ра­цијата на текот на видеосигналот ед­нос­тавно се мена­џира преку софтвер­ски­те апликации за контрола на мрежните свичери.

Клучни зборови:
Блок-дијаграм на систем за далечинска контрола на студиски камери

Блок-дијаграм на систем за далечинска контрола на студиски камери

Блок-дијаграм на класичен систем за контрола на студиски камери

Блок-дијаграм на класичен систем за контрола на студиски камери

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 205 - 11/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.