Емитер 205 - 11/2022.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Додека развивал и тестирал астрономски софтвер со податоци собрани од порано, постдипломски студент на астрономија, случајно открил група на галаксии во многу раниот универзум. Дополнително од демонстрацијата на потенцијалот на софтверот, откритието овозможува увид во групирањето на масивните структури како и процесот на формирање на ѕвезди во некои галаксии.
Како и повеќето луѓе, галаксиите исто така не сакаат да патуваат сами низ Вселената. Тие тежнеат да се групираат во помали групи но и во џиновски кластери кои престојуваат помеѓу најмасивните концентрации на темна материја. Откривањето и проучувањето на кластери и самите галаксии кои ги сочинуваат овозможува клучен увид во галактичката еволуција, но исто така и во дистрибуцијата на темната материја како и геометријата на нашиот Универзум.
Галактичкото јато, видено 12 милијарди години назад во време-просторот. Светлината е емитувана од ѕвездите на галаксиите и всушност е инфрацрвена. Поради тоа што оваа светлина е невидлива за човечкото око, боите се „преведени” во црвена, зелена и сина. Жолтите контури покажуваат емисии на радиобранови од ѕвездена прашина помешана со гасови кои се наоѓаат помеѓу ѕвездите. Фото: Н. Силасен

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 205 - 11/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.