Рубрика: Електроника
Едноставен аларм со две зони
Автор: Дејан Антоновски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4-6/2019.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Нашите домови и канцеларии секојдневно се мета на различни криминалци и провалници. Криминалците и провалниците ги избираат незаштитените места. Поради тоа се јавува потреба од употреба на алармни системи, со кои би се обезбедила дојава и сигнализација за обид за провала или кражба во објектот каде што е поставен алармот. На пазарот постојат најразлични аларми и алармни системи за заштита од провала и кражба. Во овој напис ќе ви претставиме едно такво електронско коло со кое што би можеле да се заштитите од потенцијалните крадци или провалници. Ова електронско коло работи во две зони, зона за влез/излез и инстант зона.

Криминалците и провалниците ги бираат незаштитените места. Поради тоа се јавува потреба од употреба на аларми, со кои би се обезбедила дојава и сигнализација за обид за провала или кражба во објектот каде што е поставен алармот. При употребата на аларми и алармни системи се сретнува поимот “зона”, што означува дел од објектот кој се штити, а кај алармот одреден влез на кој е поврзан сензорот/сензорите од ед­на зона. Препорачливо е во една зона да се употреби по еден сензор, но можно е да се употребат и повеќе сензори во ед­на зона. Подобра заштита се постигну­ва со користење на повеќе зони, но за по­веќето случаи сосема доволни се и алар­ми со две зони, како што е и аларм­от при­кажан во овој напис. Првата зона е влезно-излезна, додека втората е инс­тант зона, во кои што можат да се при­клу­чу­ваат најразлични видови сензори.

 

Главни елементи и материјали:

ППК = ЕМИТЕР ППКУНИ2

ИК: CD4093;

Релеј за 12V

 
Проверка на функционалностите на уредот
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4-6/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.