Емитер 4-6/2019.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во споредба со состојбата од пред само неколку децении, современиот Шерлок Холмс денес на располагање има многу поширока палета докази. И многу повеќе главоболки за да ги раздвои вистинските од лажните докази. Во дигиталниот свет на пиши/бриши податоци, потребно е многу умешност и знаење за да може да се употреби славната сентенција на Шерлок Холмс (т.е. на авторот Артур Конан Дојл): “Откако ќе се отфрли невозможното, она што ќе преостане е вистината, колку и да е тоа неверојатно.”
Според дефиницијата на Генералниот IOCE - International Organization for Cooperation in Evaluation (меѓународно признати решенија и најдобра пракса за дигитална форензика) во областа на дигиталната форензика, дигитален доказ е секоја информација во дигитален облик којашто има вредност, која се докажува, а која е пренесена во таков облик. Дигиталниот компјутерски доказ (ДД) создава многу различни вистински докази, од кој ниеден не смее да се исклучи (да се изземе) од која било причина. Доказите мора да бидат потполни, меѓусебно да се надополнуваат (да се испреплетени) и да немаат таканаречена дупка за донесување заклучоци, односно за утврдување на цврсти докази. Генералниот принцип на работа на IOCE за ДД хармонизација на методи и пракса меѓу државите кои гарантираат прифаќање на дигиталните докази во една земја собрани во други земји, кажува дека судската пракса прифаќа компјутерски генерирани и компјутерски меморирани дигитални докази под соодветни услови. Трансформацијата на податоци од серија кодирани бајти во судски доказ е апстрактен процес којшто може да ги наведе судиите и поротата да се доведе во прашање автентичноста и интегритетот на компјутерскиот генериран доказ. Треба да постои процедура за ракување и за чување, како и пропис за собирање, аквизиција и анализа на дигитални докази со HD медиум, податоците несмеат да се изменат, да се манипулираат или да се оштетат во ниеден чекор на истрага.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4-6/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.