Рубрика: Електроника
DJ контролер за комерцијални музички софтвери
Автор: Добромир Алексиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4-6/2019.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Комерцијалните софтвери за продукција и обработка на музика вообичаено се потпираат на хардверски интерфејс кој треба да овозможи мост помеѓу компјутерот каде што се генерира таа музика и опремата којашто служи за репродукција на музиката. Во овој напис е прикажан проект за еден таков хардверски интерфејс, кој е изработен со помош на популарната развојна плочка Ардуино Уно.

Во минатото беше потребен “цел симфониски оркестар” за снимање музи­ка за една песна, а денес сето тоа може да се произведе со помош на дигитали­за­ци­јата на аудиосигналите и со новите процесори. Додека во минатото се пот­пи­равме на скапите аналогни елек­трон­ски компоненти, денес најголемиот дел од сето тоа се случува по дигитален пат, со минимални средства. Новите про­мени донесоа и нова рамнотежа во пог­лед на продуцирање на музиката. Па така, додека едни музички професии започнаа да исчезнуваат, нивното место го зазема нова уметничка форма. Токму една ваква форма на којашто ние ќе се фокусираме во овој труд, се новосозда­дените диск-џокеи, кои денес веќе во­оби­чаено ги нарекуваме диџеи (а нивна­та вештина си го доби називот диџеј­ство), и неопходната опрема за една нивна изведба.

Сите диџејски контролери имаат на­ви­дум сличен облик, поделен во неколку секции за контролирање на различни функции. Најчесто имаат две џог-тркала кои служат за премотување низ аудио­записот напред или назад, а некои кон­тролери имаат и опција за стопирање на записот во моментот кога ќе се допре џог-тркалото. Има миксета со којашто може да се контролира јачината на звук­от, да се филтрира фреквенцискиот оп­сег, да се одбере лев или десен канал, а има и секција за ефекти и други опции.

Главните компоненти кои се корис­тат во еден ваков уред се потенцио­метар, прекинувач, ротациски енкодер (по потреба) и микроконтролер којшто ќе ги регистрира вредностите на овие компоненти и ќе ги испраќа кон ком­пјутерот во формат разбирлив за софт­верот што го користиме. Овие компо­ненти треба да се стават во некаква кутија и меѓусебно да се поврзат.

******

Прикажаниот проект е скратена верзија од дипломскиот труд на авторот одбранет на ФЕИТ - Скопје

Главни елементи и материјали:

развојна плочка Ардуино Уно

Мултиплексери CD74HC4067

ротирачки енкодер со тастер

 
Датотеки за преземање:
* најавете се за да можете да ги преземете датотеките
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4-6/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.