Рубрика: Астрономија и астронаутика
Аполо 11 и теориите на заговор
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4-6/2019.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Наместо со восхит да го слават златниот јубилеј – 50 години од спуштањето на првите луѓе на Месечината, некои луѓе ја засилија fake-news пропагандата дека NASA го лажирала тоа. Тие луѓе се следбеници на теоријата на заговор дека Американците го немале тоа ниво на развој на науката и техниката да пратат луѓе на Месечината, па го најмиле славниот режисер Кјубрик да изрежира и да сними лажно спуштање на Месечината!? Своите “аргументи” ги презентираат на бројни интернет-сајтови и списанија посветени на т.н.  мистерии (духови, НЛО, Рамна Земја, масони, Илуминати, Ротшилдови...) и низ мноштво YouTube клипчиња, кои потоа масовно се споделуваат како од приврзаниците, така и од збунетите корисници на социјалните мрежи. Во оваа статија ќе ги разгледам (и ќе ги соборам!) најчесто даваните “аргументи” од приврзаниците на теоријата на заговор дека астронаутите од мисијата Аполо не се спуштиле на Месечината. Така, и останатите читатели кои можеби поверувале во оваа теорија на заговор, а немале време да навлезат малку подлабоко во оваа проблематика, најпосле ќе добијат дефинитивен одговор на нивните недоумици. 

Според анкетите, глобално околу 6% од луѓето веруваат дека астронаутите од мисијата Аполо воопшто не се спуштиле на Месечината. Не можам да се изначудам на нивните “аргументи” кои се полни со измислици, погрешни толкувања и нелогични заклучоци! Вџашувачки е зошто тие луѓе, кога веќе се интересираат за таа тема, воопшто не сакаат да фрлат ни еден поглед на написите или видеата што од научна-популарна страна ги обработуваат тие случки. Барем од љубопитност! Тие не се ни обидуваат да ги прочитаат аргументите од “другата страна” (научно-популарните списанија и интернет-портали), затворајќи се самодоволно во некој свој имагинарен свет на светски заговори. Интересно е тоа што тоа се луѓе кои не знаат ништо од историјата на развојот на астронаутиката, кои никогаш не купиле некоја книга за астронаутика, никогаш не биле претплатени на некое научно-популарно списание за астрономија и астронаутика, кои никогаш не погледнале низ телескоп (а не дај Боже да купат телескоп!)... Тогаш, врз основа на што тие луѓе го засноваат тоа свое погрешно мислење? Се разбира, врз основа на бројните интернет-портали посветени на таканаречени мистерии (духови, НЛО, Рамна Земја, масони, Илуминати, Ротшилдови...) и кратките YouTube клипчиња, дела на анонимни имбецили или манипулатори. 

Нејасно ми е дали нивните квази аргументи и теории се резултат на глупавост, незнаење или на некоја нивна скриена агенда (веројатно има од сè по нешто). Повеќето нивни “аргументи” можат лесно да се соборат само со знаење од “општа култура”, па зачудувачки ми е како таа теорија на заговор ја прифаќаат и некои луѓе со завршено средно и високо образование. Потребна е посериозна анализа на причините за ова, но одговорите се некаде помеѓу недоволните знаења од науката (пред сè од физиката, астрономијата и астронаутиката), немањето време и воља да се најдат и прочитаат научните информации, некои психолошки фактори и општата недоверба во државните системи. Се надевам дека овој опширен напис ќе помогне во “растерувањето на маглата” околу мисијата Аполо.

Клучни зборови:
Дали Стенли Кјубрик го лажирал лажното спуштање на луѓе на Месечината?

Дали Стенли Кјубрик го лажирал лажното спуштање на луѓе на Месечината?

Местото на спуштање на Аполо 11 на Месечината снимено од сондата LRO во 2012 година

Местото на спуштање на Аполо 11 на Месечината снимено од сондата LRO во 2012 година

Олдрин снимен од Армстронг. Иако е во сенка, совршено добро е осветлен од дисперзираната светлина од околната површина и рефлектираната беле светлина од костимот на Армстронг

Олдрин снимен од Армстронг. Иако е во сенка, совршено добро е осветлен од дисперзираната светлина од околната површина и рефлектираната беле светлина од костимот на Армстронг

Поставување на сеизмометар на Месечината

Поставување на сеизмометар на Месечината

Ретрорефлекторот поставен на површината од Месечината

Ретрорефлекторот поставен на површината од Месечината

Упростен приказ на Ван-аленовите појаси

Упростен приказ на Ван-аленовите појаси

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4-6/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.