Рубрика: Астрономија и астронаутика
Втор обид на приватна компанија да слета на Месечината
Објавено на 14.02.2024 - 11:30

Уметничка визија на лендерот Нова-Ц на површината на Месечината

Само неколку недели откако компанијата Астроботик потврди дека нејзината мисија Перегрин ќе заврши на дното на Тихиот Океан, компанијата Интуитив Машинс од Тексас ќе направи свој историски обид да стане прва приватна компанија што успешно слетала сонда на Месечината. Лансирањето на мисијата IM-1 е закажано за 15 февруари од Вселенскиот центар Кенеди, на Флорида, во раните утрински часови. Лендерот до вселената треба да го однесе ракетата Фалкон 9 на СпејсЕкс.

Уметничка визија на лендерот Нова-Ц на површината на Месечината Слика: Интуитив Машинс

Лендерот Нова-Ц (Nova-C) на Интуитив Машинс (Intuitive Machines) е планирано да слета на Месечината на 22 февруари, во кратерот Малаперт А, кој се наоѓа на околу 300 километри источно од јужниот пол на Месечината.

Локацијата на кратерот Малаперт А (централно во горниот дел од сликата) во однос на јужниот пол на Месечината Слика: Lunar and Planetary Institute Regional Planetary Image Facility

Мисијата IM-1 е дел од програмата за јавно-приватни вселенски партнерства Commercial Lunar Payload Services (CLPS) на НАСА, преку која американската национална агенција соработува и со Локид Мартин, СпејсЕкс, Блу Ориџин, како и уште 10 други приватни компании. Оттаму меѓу корисниот товар на лендерот се наоѓаат и 6 научни инструменти на вселенската агенција. Инструментите се дел од тестирањата и подготовката за програмата Артемис, чијашто крајна цел е враќање и обезбедување на постојано присуство на луѓето на Месечината до крајот на оваа деценија.

Како ќе се одвива слетувањето на лендерот Нова-Ц Слика: Интуитив Машинс

Интересно е што за разлика од повеќето вселенски мисии на приватни компании, кои ја користат глобалната мрежа на сателити за мониторинг на НАСА (Deep Space Network), компанијата Интуитив Машинс ќе ја користи сопствената Лунарна податочна мрежа (Lunar Data Network – LDN) за комуникација со IM-1. За потребите на овој подвиг Интуитив Машинс има договор со CSIRO за користење на нивниот радиотелескоп Маријанг (Murriyang), дел од австралиската опсерваторија Паркс. За потсетување, опсерваторијата Паркс имаше голема улога при мисијата Аполо 11. Имено, таа дејствуваше како главна станица за примање на комуникациските сигнали од историската мисија во 1969 година.

Опсерваторијата Паркс во Австралија

Клучни зборови:
Уметничка визија на лендерот Нова-Ц на површината на Месечината

Уметничка визија на лендерот Нова-Ц на површината на Месечината Слика: Интуитив Машинс

Уметничка визија на лендерот Нова-Ц на површината на Месечината 

Уметничка визија на лендерот Нова-Ц на површината на Месечината Слика: Интуитив Машинс

Уметничка визија на лендерот Нова-Ц на површината на Месечината

Уметничка визија на лендерот Нова-Ц на површината на Месечината Слика: Интуитив Машинс

Локацијата на кратерот Малаперт А (централно во горниот дел од сликата) во однос на јужниот пол на Месечината 